1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ и НАТО приоритет и за власта и опозицијата

Дијалогот меѓу власта и опозицијата се одмрзна и сега е прашање на време дали ќе успее да се фати ритамот за донесување на 50-ина закони од европската агенда. ДУИ и ВМРО ДПМНЕ оваа недела ќе предложат кои закони ќе се донесуваат спопред етнички клуч, по што би следувала нова средба меѓу премиерот Груевски и лидерот Ахмети. Не е исклучено кон дијалогот власт-опозиција потоа да се приклучат СДСМ и ДПА.

Скопје

Скопје

Власта и опозицијата со различни мотиви се обидуваат да се доближат околу заедничката цел. Приоритет е влезот во НАТО и ЕУ. Опозициските Социјалдемократи предлагаат европски ден во парламентот. Владата ја подржува иницијативата најмалку еднаш во месецот да се претресуваат и донесуваат законите од европската агенда. Има најмалку педестетина што под забрзано темпо треба да се усвојат до средината на годината, како што иницираше и предлага самата влада.

Доволно да се спорат мотивите и динамиката кој е виновен што се доцни „За жал јас ќе бев многу порадосна доколку овие денови владата печалеше полтички поени врз база на тоа што добила датум за преговори. Тоа не се случува и тоа е наша одговорност, но и во таа наша одговорност има некои што се повеќе некои што се помалку одговорни.“ кажа Радмила Шеќеринска лидер на СДСМ

Нејзината наследничка на позицијата евро министер Габриела Коневска Трајковска не остана должна „Ова е заедничка одговорност и предлог во согласност и со позицијата и со опозицијата. Благодарни сме што иницијативата доаѓа од вас. Провокацијата дојде од нас ние го дадовме предлогот со тоа што кажавме но никаде нема да не доведе до тоа кој го направил ова или тоа.“

Модераторот на овие различни позиции за иста цел, како до исполнување на законските обврски како критериум од Брисел, Тито Петковски шеф на парламентарната комисија за европски прашања кажа „Искрено речено сега целото внимание е свертено кон владата. Таа е и подобро екипирана со стручен потенцијал и многу повеќе ги следи и може да предлага закони. Затоа и претпоставувавм на таа релација можеби има и некои искричувања.“

Во исто време но на различни локации власта се обидува да попушти и да биде флексибилна за да се врати пратеничката група на ДУИ во парламентот. „Состанок ќе имаме уште еден во оваа недела. Има расположение има конструктивност од сите страни. Ние ги разгледуваме сите можни варијанти. При крај ќе се види дали е можно да се предвиди таква листа која ќе ја олесни и работата на парламентот, кога ќе дојде до прашањето дали да се гласа со Бадентер или не.“ рече Муса Џафер од ДУИ кој го предводи експертско партискиот тим што со ВМРО ДПМНЕ треба на премиерот Груевски и лидерот Ахмети во најскоро време да им предложат компромис колку и какви закон ќе се гласаат според двојното мнозинство и етничкиот клуч во парламентот.

„Прашањето и мандатот на работните групи е да разговараме за прашањатата кои беа отворени на лидерската средба.“ кусо одговори Горадана Јанкуловска министер за внатрешни работи инаку шеф на преговарачката група на ВМРО ДПМНЕ.