1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ и натаму во канџите на кризата

Кризата силно се одразува врз пазарот на работна сила во ЕУ. Речиси 19 милиони луѓе на крајот на минатата година во еврозоната беа без работа. Младите под 25 години се соочуваат со големи тешкотии да најдат вработување.

Невработеноста во еврозоната и натаму е на рекордно ниво. Во декември просечната квота на невработеност изнесуваше 11,7 проценти соопшти европската статистичка служба Еуростат денеска во Луксембург. Тоа е речиси исто толку висока квота на невработеност, како во ноември. За првпат по повеќе од една година Еуростат не регистрираше месечен пораст на квотата на невработеност. Според податоците на крајот на минатата година во 17 земји на еврото без вработување биле 18,7 милиони луѓе. Во земјите на ЕУ вкупно 25,9 милиони луѓе се невработени.

На многу високо ниво е невработеноста меѓу младите: Во декември 5,7 милиони луѓе под 25 годни во ЕУ беа без работа, од нив 3,6 милиони во евроозната. Тоа, значи квота на невработеност од просечно 23,4 проценти во ЕУ односно 24,0 проценти во еврозоната, идентнично на претходниот месец.

Повторно зголемен бројот невработени во Германија

И натаму до израз доаѓа јасна поделба меѓу северот и југот: Германија и Австрија според проценките на Еуростат со 8,0 проценти односно 8,5 проценти имаат најниска квота на невработеност меѓу младите, додека во двете кризни земји Грција и Шпанија според расположивите податоци невработеноста изнесува 57,6 односно 55,6 проценти, повеќе од секој втор млад е невработен.

Исто така и при пресметување на вкупната квота Австрија со невработеност од 4,3 проценти како и Германија и Луксембург со 5,3 проценти се најдобростоечки според Еуростат. Највисока невработеност е регистирана во Грција и Шпанија 26,8 односно 26,1 процент од работоспосбното население.