1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ и Балкан – меѓусебни предрасуди

Научниците од земјите на ЕУ и од Балканот на хрватскиот остров Брач ги изложија истражувачките работи и разговараа на тема „Европа и Балкан“ – за перспективите и предрасудите.

Погледот од Балканот на Европа низ вековите е оптоварен со различни надежи и верувања, но и со предрасуди и комплекси. Но, и погледот на Западна Европа кон Балканот е со векови оптоварен со стереотипи, сметаат научниците.

Енвер Казаз од Универзитетот во Сараево вели дека во Босна и Херцеговина, земјата која тешко страдаше во војната и која се’ уште не е кандидат за влез во ЕУ, владее некој вид на „еуротопија“.

Karte Balkanhalbinsel (englisch) Flash-Galerie

Погледот од Запад кон Балканот е пол со стереотипи

„На политичкото поле имаме еуротопија, при што ЕУ е замислена како место на спасот и во рамките на тој спас, во оној момент кога Босна и Херцеговина ќе почне да и’ се приклучува на Европа, сите судири едноставно ќе исчезнат. Тој вид на заблуда секако дека го шири истата онаа политичка елита, која притоа прави се’ за БиХ да не влезе во ЕУ. Така што, еуротопијата е еден вид ментална замка за населението“, смета Казаз.

Балкански „варварогениј“

Павле Секеруш од Универзитетот во Нови Сад смета дека погледот од земјата кандидатка Србија кон ЕУ е преполн со комплекси.

„Погледот од Србија на Европа со векови е одбележан со едно чувство на комплекс, кој произлегува од очигледната цивилизациска заостанатост – индустриска, технолошка, материјална. Таквата ситуација создава од една страна чувство дека се сака да се припаѓа на тој европски свет, дека се сака да се имитира тој свет. Но, тука е и логиката – бидејќи тие на нас гледаат како на некои од понизок ранг на општествено и цивилизациско ниво, ние ним ќе им покажеме дека сме вистинскиот центар. Тоа е една цела приказна за ’барбарогенијот’, кој е исклучителен, неповторлив, а наместо една трула, конформистичка и лицемерна Европа, тука наводно е една чиста, нерасипана раса, која ќе го промени светот“, наведува Секеруш.

Bulgarien EU Beitritt Sofia Flagge

Европа ги потценува земјите од Западен Балкан

Александар Јакир од Универзитетот во Сплит вели дека Хрватска, земјата која следната година ќе стане полноправна членка на ЕУ, по малку се заморила од сопствените преголеми европски очекувања. „Како што видовме, одзивот на граѓаните на референдумот беше прилично низок – 43 проценти, од кои две третини го дадоа својот глас за пристапување во ЕУ. Хрватската јавност малку се замори од целата приказна, а надежите и очекувањата од почетокот на деведесетите спласнаа и сега се’ многу пореално се согледува. Но, исто така големо мнозинство од граѓаните сметаат дека не постои реална политичка алтернатива на тоа Хрватска да влезе во членство на ЕУ“, објаснува Јакир.

Европа го потценува Балканот

Но, Европа има и тоа какви предрасуди кон Балканот. Павле Секеруш смета дека во деведесетите години на минатиот век, за време на војните во бивша Југославија, во ЕУ повторно оживеале стереотипните слики за балканските земји и народи, кои постојат со векови.

„Тоа се слики на диви варварски војници, кои се против цивилизација, антиевропски се настроени и повеќе се ориентални“, потсетува Секеруш.

Енвер Казаз вели дека ЕУ често потценувачки се обидува да го „цивилизира“ регионот на Балканот. „Сметам дека многу често ЕУ, кога му пристапува на овој регион, доаѓа со една лоша, цивилизациска мисија, при што ги повторува старите клишеа за балканската омраза, за народите кои треба да ги помири итн. А, притоа таа политичка европска бирократија е неспособна да ги покаже идеолошките и политичките субјекти кои создаваа злосторства“, предупредува Казаз.

Кој се срами од Балканот?

EU Flagge auf Pflastersteine Straße

Словенија на патот кон ЕУ се оградуваше од Балканот, за сега да се сврти кон него

Александар Јакир смета дека во Хрватска, која некако се срамеше од Балканот не сакајќи да се сеќава на заедничката држава Југославија, денес потрезвено со се’ помалку комплекси гледа на овој регион.

Мирт Комел од Универзитетот во Љубљана вели дека Словенија, земја која е членка во ЕУ од 2004-та година, го помина патот од тоа се оградува од Балканот до тоа денес младите да гледаат на Балканот како на драг центар за боемски живот.„Балканот во тоа време беше прототип на она што не сакаме да бидеме. Но, се покажа дека не е баш точно дека во ЕУ течат мед и млеко. Младите генерации се’ повеќе се вртат кон Балканот“, вели Комел.