1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ и автомобилите - екологијата подредена на економијата

Европската Унија договори мерки за заштита на климата. Но, под притисок на автомобилската индустрија, за чии интереси посебно се залагаше Германија, Унијата не беше докрај консекветна.

default

Како да се усогласат еколошките и економските интереси?

Претставници на Европскиот парламент, Комисијата на ЕУ и на државите-членки се усогласија до 2012-та просечното ниво на издувни гасови на новопроизведените автомобили да биде намалено од сегашните 160 на 120 грама јаглерод-диоксид по километар. Но, германскиот канцелар Ангела Меркел, штитејќи ги интересите на германските производители на автомобили, кои прават посилни и полуксузни автомобили со висока потрошувачка на гориво, успеа да се избори тоа да биде постигнато постапно до 2015-та година. До 2020-та година просечното ниво на издувни гасови треба да биде сведено на 95 грама по километар.


Еколошки автомобили, но под услов да не ги загрозат работните места


Договорот дојде, од еколошки аспект, во неповолно време и заштитата на климата во извесна мера им е подредена на економските интереси. Всушност, двата аспекта - економскиот и еколошкиот - не се толку непомирливи, колку што изгледа на прв поглед. Проблемот е повеќе во фактот дека автомобилските производители, посебно германските, ги превидоа знаците на времето и во добрите времиња, кога остваруваа значителни профити, го запоставија технолошкиот развој. Сега го плаќаат цехот. Односно, бараат да го плати државата, преку неа и граѓаните - даночни обврзници.

„Јас не би рекол дека паднавме на колена пред автомобилската индустрија. Ние во Европа мораме да правиме еколошки најчисти автомобили - инаку веќе во иднина ќе немаме никаква шанса на светскиот пазар, а сепак истовемено не смееме да ги доведеме во опасност работните места“, рече еврокомесарот за индустрија Гинтер Ферхојген.

Поврзана содржина