1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ има врзани раце

Во Брисел денеска (29.10.2009) почнува важен самит на ЕУ - би требало да се расчистат последните прашања околу реформскиот договор на ЕУ. Но, на него се‘ уште го нема потписот на чешкиот претседател Вацлав Клаус.

default

Се чека се‘уште на Вацлав Клаус...

Ова ќе биде уште еден самит на која нема да има јаснотија. Зашто, се‘ уште не е јасно дали Лисабонскиот договор, кој би требало да ја направи Унијата поспособна за дејствување и поефикасна, може да стапи на сила. До последно, многумина се надеваа дека чешкиот уставен суд ќе ја има донесено одлуката и дека со тоа ќе го отвори патот за чешкиот претседател Вацлав Клаус да стави потпис. Чешка е последната земја-членка на ЕУ, која се‘ уште нема дадено согласност. Останатите веќе рекоа „да“. Дел од чешките пратеници поднесоа тужба пред Уставниот суд поради тоа што се на мислење дека Лисабонскиот договор ја загрозува сувереноста на нивната земја.

Portugal EU Gipfel in Lissabon Flaggen

Клаус живее во минатото

Шведската министерка задолжена за европски прашања, Цецилиа Малмстром, чија земја претседава со ЕУ, вели:

„Се‘ уште не сме стигнале дотаму. Прво, чешкиот Уставен суд треба да донесе одлука, а потоа ќе мора да разговараме со господин Клаус и владата за да најдеме решение. Но, се разбира, решение може да се најде само ако останатите 26 земји членки на ЕУ можат да живеат со таквиот компромис.“

Притоа, Малмстром мисли на барањата на чешкиот претседател Клаус. Тој вели дека сака да спречи, протераните Германци, кои по Втората светска војна морале да ја напуштат Чешка, со помош на Лисабонскиот договор да поставуваат какви било барања до неговата земја. Политичарите кои се задолжени за правни прашања досега попусто нагласуваа дека Лисабонскиот договор со тоа нема никаква врска. Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билд, индиректно го обвини Клаус дека живее премногу во минатото:

„Повторното помирување по Втората светска војна беше едно од најтешките досега. Но, ЕУ е основана за да и‘ се посвети на иднината.“

Трка за престижната функција

Се‘ додека шефовите на држави и влади го немаат потписот на Клаус, не можат да се носат ниту важни персонални решенија, кои произлегуваат од Лисабонскиот договор. Станува збор за функцијата постојан Претседател на Советот на ЕУ и министер за надворешни работи. Неформално, меѓутоа, трагањето по соодветни личности е во полн ек. Повеќе или помалку официјални кандидати за местото претседател на Советот на ЕУ се поранешниот британски премиер Тони Блер и премиерот на Луксембург и претседател на Еврогрупата, значи групата земји кои го имаат воведно еврото, Жан-Клод Јункер. Според мислењето на германскиот европратеник, Вернер Ланген, од редовите на демохристијаните, и двајцата кандидати се несоодветни:

„Претседателот мора да доаѓа од еврозоната и мора да има европска агенда. Тој не смее да биде ни преслаб, ниту пресилен и пресамостоен. Значи мора да биде урамнотежен, тоа е најважно. Затоа господин Блер не доаѓа предвид, а господин Јункер има поинакви позиции.“

Автор: Кристоф Хаселбах/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска