1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ избегнува конфронтации

ЕУ ја ублажи изјавата за Блискиот Исток. Министрите за надворешни работи на ЕУ го извадија спорниот дел во изјавата, во кој источен Ерусалим е дефиниран како главен град на идна палестинска држава.

default

Министрите за надворешни работи на ЕУ околу изјавата за Ерусалим дебатираа цели четири часа. Мразот по којшто ЕУ оди по прашањето на Блискиот Исток е тенок. Во суштина, станува збор за прашањето - кои територии треба да бидат дел од идната палестинска држава, држава што допрва треба да биде формирана. ЕУ долго време бара Палестинците да добијат сопствена држава, и тоа и сега не беше спорно. Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле, изјави:

„Сакаме траен мир врз основа на праведно решение ’две држави за два народа’ и затоа потребно е почнување директни преговори што е можно побрзо. Им даваме поддршка на меѓународните напори во таа насока и сакаме да го дадеме нашиот европски придонес во тоа.“

Но,сопствениот европски придонес значи пред се‘ воздржување. Во принцип, со години е јасно како мора да се одвиваат работите - појасот Газа и Западниот брег им припаѓаат на Палестинците, но не само тие.

Symbolbild Gaza Israel EU Europa Nahost

Европејците не сакаат да го налутат Израел

Ерусалим останува главен проблем

Главен проблем е и останува прашањето на Ерусалим. Прашањето гласи - дали градот ќе биде поделен и источен Ерусалим ќе стане главен град на идната палестинска држава? ЕУ одбегна јасен став околу ова прашање. Првично шведското претседателство со ЕУ предлагаше Унијата да го стори токму тоа - да заземе став по прашањето на Ерусалим, да се определи за источен Ерусалим како главен град на идната палестинска држава. Но, Швеѓаните не успеаја во тоа. За многумина, меѓу нив и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, таков став одеше предалеку:

„Не можеме да го пропишеме крајот на преговорите и сега да кажеме која ќе биде територијата на палестинската држава.“

ЕУ ги отфрли критиките

Врвот на ЕУ ги отфрли критиките дека е воздржан кон Израел. Позицијата на ЕУ ќе даде придонес кон мировниот процес, изјави шведскиот министер за надворешни рбаоти Карл Билт. На крајот на краиштата, ЕУ е свесна дека Европејците при решавањето на овие централни прашања на Блискиот Исток ќе бидат само втора виолина. Највлијателната сила е и останува - САД.

Автор: Михаел Геченберг/Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска