1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ започна процедура против Хрватска

Европската унија денеска (28.01) одлучи да започне процедура против најновиот член – Хрватска, со цел да го намали сопствениот дефицит. Ова се случува само седум месеци по приемот на земјата во Унијата.

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ го одобриле започнувањето на процедура за прекумерен дефицит против Хрватска.

„Денеска ја отворивме процедурата за прекумерниот дефицит на Хрватска, а ги поставивме и препораките за мерките кои треба да го корегираат дефицитот до 2016-та година“, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас на прес-конференција во Брисел, по состанокот со неговите колеги во Брисел.

Во ноември минатата година Европската комисија побара од Европскиот совет да започне постапка против Хрватска поради големината на дефицитот, а доколку Загреб не преземе мерки за намалување на дефицитот, на земјата може да и’ бидат наметнати финансиски санкции.

Советот на министри денеска се согласи со ставовите на Европската комисија дека Хрватска не ги исполнува критериумите на ЕУ за дефицит и долг. Според податоците на хрватските власти, државниот дефицит на Хрватска за 2013 година изнесувал 5,5%, што е значително над три проценти од брутодомашниот производ (БДП), колку што е лимитот поставен од ЕУ. Се претпоставува дека дефицитот ќе се зголемува во 2014 и 2015 година. Европската комисија веќе предвиде дека дефицитот на Хрватска ќе се зголеми до над шест проценти во периодот 2013-2015 година, доколку не се преземат конкретни мерки.

Oli Rehn mit dem serbischen Pass in der Hand

Оли Рен

Еврокомесарот за монетарна политика Оли Рен изјави дека Хрватска треба да ја врати довербата во сопствената економија. Тој информираше дека во меѓувреме Брисел е во „близок и постојан контакт со хрватската влада“ за предлозите за кратење на дефицитот. Оли Рен додаде дека „до оваа пролет ќе се направи проценка дали е направен некаков напредок од страна на Хрватска“.

„Советот ги повикува хрватските власти да спроведат темелен преглед на трошоците, да се подобри фискалното оданочување и да се зголеми ефикасноста на нејзината даночна администрација, како и подобрување на институционалната рамка на јавните финансии. Ги повикуваме хрватските власти да спроведат структурни реформи, особено за проблемот со ригидноста на пазарот на труд и неповолната деловна клима, како и да го подобрат квалитетот на јавната администрација, со цел да се промовира потенцијален раст на БДП, се наведува во соопштението од Советот на министрите за финансии“.

Хрватска стана 28 земја-членка на ЕУ на 1 јули минатата година и е првата што за толку кусо време, за само шест месеци, влезе во процедура за прекумерен државен дефицит.