1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ е беспомошна против кризата во Либија?

Либија се‘ повеќе тоне во хаос. Но, ЕУ нема речиси средства за да ја стабилизира. Освен тоа, нејасно е како Европејците би реагирале на можното распаѓање на либиската држава.

Безбедносната ситуација во Либија е катастрофална, племенските и локалните конфликти се разгоруваат, милициите контролираат цели градови. Земјата загуби милијарди евра зашто припадници на автономни движења ги контролираат нафтените постројки. Централната влада е слаба. Преодниот премиер Али Зеидан предупреди од странска окупација ако продолжи анархијата:

„Меѓународната заедница не може да толерура држава директно на Средоземно Море која е извор на насилство, терор и убиства“.

Но, меѓународната заедница и натаму е беспомошна. Две години по соборувањето на долгогодишниот диктатор Моамер ал-Гадафи, ситуацијата постојано се влошува. Проблемот непосредно ја погодува и ЕУ. Бегалците од Африка ја користат земјата како коридор кон Средоземното Море. Екстремистите и терористите можат непречено да се движат преку отворените граници. Освен тоа е погодено и и енергетското снабдување на Европа.

На Европа и‘ недостига познавање

Можноста за влијание на ЕУ според проценките на политикологот Луис Мартинез од парискиот Институт за истражувања ЦЕРИ е ограничено. Причина е и подоцнежното воспоставување контакти.

„Либија не беше партнер на Европа во евро-медитеранската политика“, вели експертот во разговор за Дојче веле. Затоа недостигаат експертски познавања и стручњаци за брза и ефикасна помош.

Во меѓувреме ЕУ и членките започнаа со проекти за помош. Така, Германија од 2011. година има ставено на располагање околу 25 милиони евра за стабилизирање на Либија. Повеќе од половината од нив се наменети за уништување на борбени средства и мини.

Околу 3,2 милиони евра се отидени на невладини организации за изградба на цивилно општество и демократија. Се пружа и хуманитарна помош. Според европски извори, ЕУ моментно го помага воспоставувањето демоксратски структури и изградбата на упарава со околу 30 милиони евра. Освен тоа, европска полициска мисија треба да ги обучува либиските граничари.

Но, засега сето ова не дава ефекти. Експертот за Либија Џејсон Пак од Универзитетот Кембриџ смета дека е важна секоја помош. Корисни се пред се‘ обуките за административци во управата.

„Либијците имаат пари и ресурси и подготвени луѓе во одделни области, но не можат да ги управуваат министерствата и не успеваат да ги платат навреме чуварите на нафтените постојки“.

Поголема помош за локалните структури

Според Пак, нема смисла да се помага владата во Триполи:

„Централната влада не може да ја управува помошта при изградбата на структури и компетенции“, критикува тој. Наместо тоа, треба да бидат помогнати локалните совети и групите на цивилното општетсво. Со тоа се помага изградбата на локални управни и безбедносни структури.

Колку власт во иднина ќе имаат централната влада, провинциите и регионите, не е јасно. Во регионот Куреника луѓето бараат поголема автономија. И други региони се бунтуваат против централистички структури, кои Гадафи ги манетнуваше. Затоа, експертот за Либија од Меѓународната кризна група, Клаудија Газани, пледира за поддршка на дијалогот, во што покрај ОН се ангажираат и повеќе држави.

„Целта е водење разговори на теми како идентитет и помирување на раскараните групи“, вели Газани.

Не е јасен приодот кон стремежите за автономија

Мартинез напротив смета дека е невозможно земјата да се одржи целосна, стремежите кон распаѓање се преголеми.

„На Либија и‘ треба помош за да не ги сузбива ваквите стремежи, туку на мирен начин да се прости од една централизирана, авторитарна држава и да премине кон федерална држава на повеќе држави“, вели експертот, зашто во спротивно се заканува војна.

За Европејците, според Мартинез, гласно се поставува прашањето на односот кон деловите на населението. Земји како Италија и италијанските фирми како енергетскиот концерн Ени долго профитираа од силната централна држава. Триполи ја организираше експлоатацијата на нафта во земјата со најголеми нафтени резерви во Африка. Сега важни нафтени полиња и нафтоводи се парализирани поради конфликтите.

„Проблем за Европејците е како да се обезбеди сигурноста на енергетското снабдување со слободното одлучување на населението“, истакнува Мартинез.

Пак пак не гледа опасност од распад на државата. Но, тој очекува од сите држави кои свовремено се залагаа против Гадафи, да се ангажираат заеднички. Тоа би бил силен сигнал и кон милициите и сите сили кои се против мирно решение во Либија.