1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ-државниците не можат да слетаат во Брисел поради штрајкот

Белгија денеска (30.01) е во хаос. Непосредно пред одржувањето на самитот на европските лидери во Брисел, не работат целиот јавен транспорт, училиштата, продавниците, аеродромите и некои фабрики.

Штрајкот е насочен против мерките за штедење наложени од Европската унија. Штрајкувачите блокираа и два помали гранични премини со Германија, кај Ахен. Според портпарол на полицијата, поголеми последиците од блокадите на премините нема.

Делегацијата на данската премиерка, Хеле Торнинг-Шмит не слета на аеродромот во Брисел, туку во воздухопловната база Бовешен, на триесет километри од главниот град на Белгија. Таму веројатно ќе слетаат голем број од шефовите на држави и влади кои треба да присуствуваат на самитот. За нивен транспорт на располагање има хеликоптери, со оглед на тоа што возењето по автопат трае предолго.

Автор: АМ/ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Е.М.Фиданоска