1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ до Белград и Приштина: Да не дојде до конфронтации

ЕУ изразува жалење што не дојде до кoмпромисно решение во рамките на српското право во врска со отстранувањето на споменикот во Прешево. Брисел смета дека „дијалогот е вистинскиот пат“.

Ден по отстранувањето на споменикот на паднатите борци на ОВПМБ во Прешево, во Брисел истакнуваат дека прашањето мораа да го решат централната и локалната власт во Србија и тоа во контекст на српското право, без напотребни тензии. Од кабинетот на шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон, портпаролката Маја Коцијанчиќ за Дојче веле истакнува:

„Жал ни е што не дојде до компромисно решение меѓу сите страни инволвирани во ова прашање. Она што за нас е важно е сите страни да се вратат кон дијалог, да не дојде до непотребни конфронтации. Важно е да се изгради доверба и да серазговара за навистина суштествени прашања, оние кои се важни за развојот на југот на Србија, како што се социјално-економскиот развој на јужна Србија и прашањето на малцинствата“.

Porträt - Maja Kocijancic

Маја Коцијанчиќ

Додавајќи дека ЕУ ги поддржува напорите на ОБСЕ во тој контекст, во Брисел повторуваат- кое било прашање треба да се решава во дух на дијалог, без непотребни конфронтации и провокации. Кога е пак во прашање влијанието на случувањата во Прешево врз дијалогот кој во Брисел се води меѓу премиерите на Србија и на Косово со високи претставници на ЕУ, Коцијанчиќ вели:

„Се знае што е дијалогот меѓу Белград и Приштина. Тоа е нешто што е во интерес на Србија и на Косово. Тој ги решава практичните прашања и за нас е важно и едната и другата страна да бидат ангажирани во него и да ги применуваат постигнатите договори. Ние веруваме дека тоа е вистинскиот пат напред.“

Не сакајќи во овој момент да ја проценува безбедносната ситуација во јужниот дел од Србија, од Брисел повикуваат сите страни да направат се‘ што е можно за безбедносната ситуација да биде „што е можно подобра“.