1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ добитник на Нобеловата награда за мир

Таа се смета за најважно одличје за заслуги за мирот во светот: Нобеловата награда за мир годинава ја доби Европската унија. ЕУ придонела за напредок на демократијата и мирот во Европа.

Европската унија е добитник на Нобеловата награда за мир. ЕУ ја доби наградата бидејќи „повеќе од шест децении придонсе за ширење на мирот и помирувањето, демократијата и човековите права во Европа“, образложи претседателот на норвешкиот Нобелов комитет во Осло Торбјорн Јагланд. Европската интеграција се смета за пример за мирен соживот на државите, дополни поранешниот новршки премиер Јагланд. Европската унија е „најуспешниот мировен проект“ по Втората светска војна, се вели од Осло. Во актуелната еврокриза одличјето, пак, е важен знак за ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц во првата реакција истакна дека е „почестен“ што Нобелвоата награда за мир и’ е доделена на Европската унија. „Тоа може да послужи како инспирација“, се произнесе Шулц преку Твитер. „ЕУ е единствен проект, кој војната ја замени со мир, а омразата со солирадност“.

Еден час пред официјално да биде објавен носителот на Нобеловата награда за мир норвешкиот јавен радиодифузен сервис НРК, кој вообичаено се смета за добро информиран, неофицијално објави дека ЕУ годинава е носителот на наградата. Медиумскиот сервис информираше дека изворот е релевантен, без притоа да го наведе. Годинaшната одлука е донесена едногласно од сите пет членови на Комитетот, објави медиумот. Тоа што одлуката продре во медиумите пред официјално да биде објавена е невообичаено. 

Европската унија досега повеќепати беше кандидат за Нобелова награда за мир.