1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ го поздрави договорот во БиХ

Eвропската унија го поздрави денеска договорот за формирање на централна влада во Босна и Херцеговина и побара итно да бидат спроведени реформи за забрзување на евроинтегративниoт процес на земјаta

default

Во заедничко соопштение шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денеска го поздравија политичкиот договор склучен од босанските лидери за формирање на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Лидерите на трите главни заедници во Босна (Срби, Хрвати и муслимани) вчера постигнаа договор за состав на централна влада, ставајќи и на тој начин крај на 14-месечната политичка криза, која го блокира приближувањето на Босна кон ЕУ.

Treffen Bosnien Politiker

Лидерите на главните политички партии во БиХ на вчерашната пресконференција на која соопштија за постигнатиот договор

Беванда - кандидат за премиер

Вјекослав Беванда е кандидатот за иден премиер на централната влада на Босна и Херцеговина, потврди партијата Хрватска демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ), која денеска ќе ја поднесе неговата кандидатура во босанското претседателство.

Во последните четири години Беванда беше министер за финансии на хрватско-муслиманската Федерација. Тогаш тој беше именуван како независен претставник, но подоцна се вклучи во ХДЗ БиХ. Дотогаш тој работел во банкарскиот сектор и се смета за голем експерт во областа на финансиите.

Автор:АТ/СН/миа/мф

Редактор: Симе Недевски