1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ го олабави ембаргото за нафта за да ја поддржи сириската опозиција

Европската унија денеска (22.04) го олабави ембаргото за нафта против Сирија за да и‘ даде поддршка на сириската опозиција. Укинати се и економските санкции против Мјанмар.

Рафинериите кои се под контрола на сириските бунтовници во иднина ќе смеат да извезуваат нафта во државите на ЕУ, заклучија денеска министрите за надворешни работи на Унијата во Луксембург. Целта на олабавувањето на ембаргото за нафта е за на противниците на сирискиот претседател Башар ал-Асад да им се обезбедат средства за обнова на регионите во земјата кои се под нивна контрола.

Бунтовниците контролираат рафинерии на истокот на земјата. Според проценки на експерти, меѓутоа, економскиот ефект од поддршката на ЕУ ќе биде мала. Поголем е политичкиот ефект од ваквата одлука. „Со ова луѓето во Сирија ќе видат дека постои вистинска алтернатива за режимот на Асад“, изјави германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

Што се однесува до укинување на ембаргото за оружје, во ЕУ се‘ уште има спротивставени мислења. Велика Британија и Франција се залагаат за укинување на ембаргото за оружје, додека останатите земји на Унијата досега тоа го отфрлаат.

Укинато економското ембарго против Мјанмар

ЕУ денеска го укина економското ембарго против Мјанмар, но останува на ембаргото за оружје. Со ова на претседателот на земјата Теин Сеин му се оддава признание за отворањето на земјата која со децении беше под воена власт. Борците за човекови права ја критикуваат одлуката на ЕУ како прерана.