1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ го зеде на нишан Газпром

Европската комисија покренала официјална процедура за да се испита дали рускиот производител и снабдувач со природен гас, Газпром, ја злоупотребил доминантната позиција на пазарот на гас во централна и источна Европа.

Европската комисија сака да истражи дали Газпром ограничува слободен проток на гас меѓу државите членки на ЕУ, спречува диверсификација со снабдувањето и има неоправдано високи цени „врзувајќи“ ја цената на гасот за цената на горивата.

Покренувањето на таа процедура не прејудицира исход од истрагата, тоа само значи дека ЕК тоа прашање ќе го третира како приоритетно, се вели во соопштение на ЕК.

Комисијата е загрижена дека Газпром „можеби злоупотребува своја доминантна позиција на пазарот на гас во држави од централна и источна Европа“ и со тоа го крши членот 102 од Договорот за функционирање на ЕУ.

ЕК го извести Газпром за својата истрага за чие завршување не постои со закон предвиден рок.

Неименуван претставник на ЕК, изјави за руски медиуми дека Комисијата нема намера да почнува трговска војна со Русија поради условите за испорака на гас.

Во Газпром само кусо ја прокоментираа најавата на ЕК: „Нека вршат истрага“.

Ако Газпром биде прогласен за виновен, следува казна чија висина ќе биде во проценти од годишните приходи на компанијата и може да достигне стотици милиони евра. Уделот на Газпром во европскиот извоз на гас е 25 отсто, а многу држави во целост се потпираат на увоз преку Газпром.