1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ го замрзна Договорот за асоцијација со Украина

ЕУ го стопираше работењето на Договорот за асоцијација со Украина. Во земјата пак продолжуваат протестите на противниците на владата и претседателот Јанукович и на приврзаниците на владејачкиот табор.

Среде новите масовни протести во Украина, Комисијата на ЕУ го замрзна работењето на планираниот Договор за асоцијација со Украина. Претседателот Виктор Јанукович не се изјаснува недвосмислено дека сака да го потпише Договорот, напиша комесарот за проширување Штефан Филе денеска на Твитер. Од Киев „нема одговор“ во однос на ова.

Како приврзаниците на прозападната опозиција, така и поддржувачите на кон Русија наклонетата влада денеска во Киев се собираат на нови масовни демонстрации. Протестните манифестации на двата табора првично беа планирани на дистанца од неколку стотици метри, за потоа приврзаниците на владата да ги преместат своите демонстрации во еден парк. Овој чекор се толкува како сигнал за деескалација. Во главниот уркаински град се ангажирани голем број полициски службеници.

На централниот Плоштад на независноста (Мајдан) синоќа повторно се собраа илјадници противници на владата и ја минаа студената ноќ на отворено. Таму опозицијата предводена од светскиот боксерски првак Витали Кличко денеска очекува стотици илјади луѓе на „Народен собир“.

„Нашиот пазар е Русија“

Противниците на владата повеќе од три недели протестираат за западниот курс на поранешната советска република и против Јанукович. Претседателот, се претпоставува на притисок на Русија, донесе одлука да не го потпише Договорот за асоцијација за потесна соработка и слободна трговија со Европската унија. Владата во Киев предупредува дека отворањето на пазарот за претпријатија од ЕУ ги загрозувало сопствените продукциски марки. „Нашиот пазар е Русија. Наредните недели во Москва ќе потпишеме важна спогодба со Русија, која ќе ни донесе нови работни места“, најави украинскиот премиер Микола Азаров.