1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ го договори фискалниот пакт и ЕСМ

Лидерите на ЕУ се договорија за натамошни мерки против должничката криза, но темата за т.н. „еврокомесар за штедење“ за Атина не беше дискутирана. Проблемот Грција и натаму е без решение.

Според одлуката од вонредниот бриселски самит на ЕУ, Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) треба да стапи во сила на 1 јули годинава, односно една година од првобитно планираното. Овој фонд треба да го замени досегашниот привремен механизам ЕФСФ и да стави на располагање 500 милијарди евра потенцијална помош за земjите во должничка криза. Дали неговата вредност ќе биде зголемена , ќе биде дополнително одлучено во март. Германската влада прво се противеше на тоа, но сега покажува флексибилност.

Шефовите на држави и на влади на земјите членки на ЕУ договорија и создавање фискален пакт за поголема буцетска дисциплина. Исклучок се Велика Британија, која од самиот почеток се спротивстави на ваквата фискална унија и Чешка, која сака да ги провери можните проблеми при ратификацијата на договорот, кои меѓутоа можат да бидат надминати.

За Германија најважна е сопирачката за задолжување

Од одлучувачко значење за Германија беше пред се’ сопирачката за задолжување. Таа треба во сите земји членки на фискалниот пакт да биде

Bundeskanzlerin Angela Merkel auf dem EU-Gipfel am 30.01.2012

Ангела Меркел

цврсто законски утврдена за да не може да биде повторно укината од некоја идна влада. Доколку некоја земја не ја почитува сопирачката на долгови, постои можност за тужба против неа пред Европскиот суд на правдата. На Берлин ќе му беше подраго Еврокомисијата самата да може да ја поднесува тужбата. Со усвоеното решение сега мора најмалку една земја да тужи. Германската канцеларка Меркел и покрај тоа не стравува дека земјите би се откажале од тужба само поради погрешни обѕири спрема „земјата- грешник“:

„Верувате ли дека би преживеале повеќе денови под притисок на медиумите? Мислам не. Веројатно тогаш од страв би тужеле сите 25 земји“, рече Меркел.

Официјална тема на самитот беше поттикнување на растот и на вработувањата. Европските лидери ветија дека паралелно ќе работат на тоа. Но двете цели тешко се соединуваат, со оглед на тоа дека за мерките за поттикнување на развојот, во време на големо штедење недостасуваат пари. И за темата данок на финансиски трансакции ЕУ не мрдна ни чекор натаму. Повеќето ЕУ лидери едноставно ја игнорираа најавата на францускиот претседател Никола Саркози дека Франција унилатерално ќе го воведе ваквиот данок.

Грција не беше на дневен ред

Фактот дека темата Грција воопшто не беше на дневниот ред на самитот, со

оглед на драматичната состојба во Атина, изгледаше доста вештачки. Официјално сите сакаат да го сочекаат најновиот извештај за Грција на меѓународната тројка доверители составена од ЕУ,ЕЦБ и ММФ, но сите знаат дека Грција значително заостанува во остварувањето на обврските за штедење и буџетска реформа. Но и во овој случај најголемиот дел европски лидери го игнорираа или го критикуваа предлогот на Германија за т.н. „еврокомесар за штедење“ кој на определено време би имал контрола врз буџетската политика на Грција.

Автор: Кристоф Хаселбах / Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM