1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ го губи идентитетот поради финансиската криза

Иако порачуваат дека треба да се стори повеќе за забрзување на стопанскиот раст и намалување на невработеноста, лидерите на ЕУ засега не предлагаат алтернативни мерки. Критики од ЕУ за Унгарија, поделеност за Сирија.

Повеќе од кога било претходно невработеноста беше тема на разговорите на лидерите на земјите-членки на ЕУ кои синоќа се собраа на редовниот мартовски самит во Брисел. Паралелно со самитот, илјадници граѓани на Белгија, Германија, Франција, но и други европски земји, демонстрираа по улиците на Брисел (фотографија горе) барајќи олабавување на мерките за штедење, поттикнување на економскиот раст и намалување на невработеноста.

„Имајќи ги предвид нашите темни економски изгледи, но и растечките општествени немири, внимателно ја разгледавме состојбата. Сите сме свесни за растечки фрустрации, дури и очај кај луѓето. Но знаеме дека нема лесни одговори. Единствениот начин за излез од кризата е отстранување на нејзините причини во корен“, рече претседателот на Советот на ЕУ, Херман Ван Ромпој.

Иако европската економска стратегија, заснована првенствено на враќање на финансиската стабилност, обезбедување на одржливи јавни финансии и структурни реформи, полека почнува да дава резултати, тие се‘ уште не можат да се преведат во стопански раст и отворање на нови работни места.

Но, се‘ додека економскиот раст не зајакне тој не може да создаде нови работни места. ЕУ во моментов се соочува со рекордна невработеност од околу 12 проценти. Невработеноста меѓу младите е двојно поголема. Во ситуација кога мнозинството ЕУ лидери се залагаат за намалување на јавниот долг со помош на намалување на буџетските трошоци и зголемување на даноците, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц предупредува дека

Europaparlament Haushalt 2014-2020 Abstimmung Martin Schulz

Мартин Шулц

„очајот“ може да ја доведе Европа „не само до длабока економска, туку и до криза на политичкиот систем и идентитетот на Унијата“.

„Ниту еден европски лидер не може да биде задоволен со ситуацијата во која 26 милиони луѓе се без работа. Затоа мораме да разговараме за генерирање на стопански раст што ќе има влијание на вработувањето на луѓето“, вели ирскиот премиер Енда Кени.

И покрај тоа што и германската канцеларка Ангела Меркел, која ја застапува „тврдата линија“ за штедење, вели дека е „неопходно на младите да им се обезбеди можност за вработување“, европските лидери засега не предлагаат алтернатива за политиката на штедење.

Политички проблеми

Во исто време, ЕУ се соочува и политички проблеми. Повеќе шефови на влади и голем број европратеници остро го критикуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан дека владее спротивно на европските вредности. Директен повод за критиките е последната промена на уставот која ја изгласа парламентот во Будимпешта, а со која практично се укинаа надлежностите на Уставниот суд во земјата.

Орбан во Брисел ги отфрли критиките. „Нема докази дека промените ја загрозуваат демократијата“. Тој притоа тврди оти е подготвен на дискусија на таа тема. Европската комисија во меѓувреме најави дека ќе истражува дали Унгарија ги прекршила европските закони. Претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Барозо веќе изрази голема загриженоста поради случувањата во Унгарија.

Денешниот ден од самитот ќе биде посветен на разговори за финансиската

Belgien EU-Gipfel

Франсоа Оланд

помош за Кипар, а како тема се наметнува и барањето на Франција да се укине ембаргото за извоз на оружје на Сирија. Францускиот претседател Франсоа Оланд притиска да се укине ембаргото, со што би се овозможило директно снабдување на тамошните бунтовници кои се борат против режимот на Башар Ал Асад. Оланд има поддршка и од официјален Лондон, но останатите земји засега се противат.