1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ ги продолжи преговорите со Србија

*

Србија и ЕУ и официјално ги продолжија преговорите за Спогодбата за стабилизација и асоцијација, прекинати пред една година. Еврокомесарот за проширување Оли Рен и српскиот вицепремиер Божидар Ѓелиќ ги предводат преговарачките тимови кои се состанаа денеска во Брисел.

Евродипломати во меѓувреме најавија дека преговорите би можеле да завршат наесен. Тие беа прекинати поради недоволната соработка на Белград со Хашкиот Трибунал пред се за апсењето на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ.