1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ ги прекина преговорите со Србија поради Младиќ

Европската комисија ги прекина преговорите со Србија и Црна Гора за нејзино приближување кон ЕУ на неодредено време.Комесарот за проширување Оли Рен одлуката ја образложи со недоволната соработка на владата во Белград со Хашкиот трибунал и неизрачувањето на Ратко Младиќ.

Оли Рен

Оли Рен

-Денеска го добив деталниот извештај за состојбата на соработката на Србија и Црна Гора со Хашкиот трибунал од главниот шеф обвинител,Карла дел Понте.Тој е негативен,па морам да речам дека е разочарувачки што Белград не е во состојба да го лоцира,уапси и израчи Ратко Младиќ во Ден Хаг.Поради тоа Комисијата ги откажа преговорите за договорот за стабилизација и асоцијација.Комисијата е готова нив да ги продолжи веднаш штом Србија ќе оствари полна соработка со Трибуналот,изјави Оли Рен.

Тој нагласи дека ова е прашање на владеењето на правото и дека Србија мора да докаже дека секое лице кое е обвинето за воени злосторства ќе одговара пред судот.Рен нагласи дека се работи за постигнување демократска зрелост и дека армијата и тајните служби во Србија мора да бидат под целосна демократска контрола.Досегашните преговори со Србија и Црна Гора Рен ги оцени за добри на техничко ниво,па е можно постигнување на

првобитната цел,нивно завршување до крајот на годината,но само ако драматично се подобри соработката со Хашкиот трибунал.

Во врска со шпекулациите дека е на прагот апсење на Младиќ,Рен со став:

-Мислам дека е завршено времето за шпекулации,сега е време за дела,сега сме фокусирани не на ветувања,туку на конкретни резултати,беше дециден еврокомесарот за проширување.

Одговорот од Белград:српскиот премиер Војислав Коштуница и натаму тврди дека не се знае местото на престој на обвинетиот воен злосторник, екс армискиот шеф на босанските Срби.

Младиќ се наоѓа во бекство,изјави Коштуница.Владата направи се во својата моќ да го фати поранешниот генерал,со оглед на тоа дека е откриена целата мрежа негови помагачи,сега тој се крие самиот,тврди Коштуница.Тој истовремено го повика јавно Младиќ доброволно да се предаде,зашто тоа би било најдобро.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ пак прекинот на преговорите на ЕУ со Србија и Црна Гора го оцени како исклучиво непријатна работа.Но,неговата земја последиците од тоа ќе ги сноси само до 21 мај,кога е закажан референдумот за независност на Црна Гора.Вијановиќ се надева на негов позитивен исход,така што последиците одлуките на ЕУ потоа ќе ги сноси само Србија.

Инаку,на Србија и Црна Гора поради несоработката со Ден Хаг и се заканува и губење на финансиската помош од САД,на што предупреди американскиот амбасадор во Белград Мајкл Полт.Американскиот конгрес до крај на мај треба да ја верификува финансиската помош и тогаш државниот секретар Кондолиза Рајс ќе реши за евентуални мерки поради несоработката на Белград со Хашкиот трибунал.