1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ ги повика партиите во Албанија да постигнат консезус околу изборот на претседател

*

ЕУ побара консензус меѓу власта и опозицијата во Албанија околу изборот на шеф на државата. ЕУ ја предупреди земјата дека претседателската криза, која сериозно се заканува да ја втурне Албанија во предвремени избори може негативно да се одрази врз процесот на евроинтеграции. Парламентот ниту по четврти пат не успеа да избере претседател. Кандидатот на десницата, Бамир Топи, повторно доби 74 од потребните 84 гласа. Според албанскиот Устав, доколку Парламентот и по пет гласања не успее да избере претседател, тогаш тој мора да се распушти, а изборите да се одржат во рок од 60 дена.