1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ “ги одмрзнува” односите со палестинската влада

ЕУ во иднина повторно директно ќе соработува со членови на новата палестинска влада, кои не се припадници на радикално-исламистичкото движење Хамас. Ова го договорија министрите за надворешни работи на земјите на Унијата на неформалната средба во германскиот град Бремен.

Позитивните оцени на Израел за самитот на Арапската лига даваат основа за надеж, е речено на средбата. Арапската лига повторно понуди да го признае Израел, доколку се повлече во границите од пред 1967-ма година.

Денеска околу 300 лица во Бремен протестираа против средбата означувајќи ја ЕУ како најголем извозник на оружје во светот. Инциденти немаше.