ЕУ ги деблокира средствата за електраната во Појасот Газа | Свет | DW | 22.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ ги деблокира средствата за електраната во Појасот Газа

Клеменс Ференкоте испрати извештај за причините за промената на ставот на официјален Брисел.

default

Борец на радикалниот Хамаз при преземањето здание на ривалскиот Фатах во Газа пред два месеца

Минатата недела ЕУ ги прекина исплатите поради стравувањето дека владата на радикалната организација Хамаз ќе се обиде да обезбеди финансиски средства за сопственото работење преку продажба на електрична енергија од електраната во Газа.

Европската Комисија, во договор со палестинската влада, ќе продолжи да ги исплаќа средствата за набавка гориво за единствената електроцентрала во Појасот Газа. Ова го соопшти портпарол на Комисијата во Ерусалим, нагласувајќи дека станува збор за привремено решение. Причината пак зошто ЕК ја прекина финансиската поддршка за електраната беа информациите дека радикалната органиација Хамаз, која пред два месеца насилно ја презеде власта во Појасот Газа, имала намера да издвојува дел од европските пари за други цели. Освен тоа Хамаз наводно планирал да воведе данок на електрична енергија. На оваа организација и‘ недостасуваат финансиски извори бидејќи се наоѓа под меѓународна блокада. Со декрет на палестинскиот претседател Махмуд Абаз, кој му припаѓа на ривалското движење Фатах, Палестинците кои живеат во Газа се ослободени од плаќање какви и да е даноци. На тој начин требаше да се пресушат сите финансиски извори на Хамаз.

Портпаролот на Хамаз, Саму Абу Зухри, ги отфрла сите обвинувања од Брисел:

“Ние, движењето Хамаз, го осудуваме ставот на Европската Унија, која се приклучи кон тврдењата на владата на Фајад во врска со елктроцентралата во Газа. Владата на Фајад ја излажала ЕУ, тоа се се‘ лажни обвинувања и провокации.“

За да се обезбеди проверка на она што реално се случува, Европската Комисија и владата на премиерот Фајад, инаку лојална на претседателот Махмуд Абас, договорија создавање заедничко контролно тело.

Привременото запирање на субвенциите за електраната од претходните три дена предизвика прекин на снабдувањето со електринчна енергија во целиот Појас. За многумина од вкупно 1,5-те милиони жители на Газа тоа имаше далекусежни последици. Една постара жена мораше да ја напушти куќата и да се сокрие од жештината во тесните улички на бегалскиот камп Кан Јунис:

“Седиме на улица поради недостатокот на струја. Внатре е премногу жешко, не можеме таму да останеме цел ден.“

Неколку куќи подалеку млад татко го држи в раце малиот син:

“Син ми има астма, затоа седам со него на улица, оти машината што му помага да земе свеж воздух не функционира без струја. На син ми му е неопходен дополнителен дотур на кислород.“

За сите нив е добра вест продолжувањето на финансиската поддршка на ЕУ, бидејќи со тоа се обезбедува редовно снабдување со електрична енергија - и тоа уште денеска.