ЕУ: Германија мора да стори повеќе за заштита на климата | Вести | DW | 07.04.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ: Германија мора да стори повеќе за заштита на климата

Европскиот комесар за животна средина Ставрос Димас по објавувањето на втортиот извештај за климата на ОН, апелираше до Германија да стори повеќе за заштита на климата. Целите за заштита на климата на ЕУ, би можеле да бидат спроведени само тогаш ако се вклучи и германската економија, рече Димас за весникот Ди Велт. – Во извештајот за климата на ОН се предупредува од катастрофални последици од глобалното затоплување врз луѓето, животните и растенијата.