1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ во обид да спречи нов Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш не ја исклучува можноста од воен напад против Иран. Како реагира Европската унија на тоа? Дали е на повидок нов можен трансатлантски конфликт?

Токму во минатите недели Европејците кон Техеран испратија нов морков: во Брисел започнаа разговори со претставници на иранската влада за склучување трговски договор што одамна е желба на иранските власти, и како еден вид награда за релативно доброто однесување во атомскиот спор. Иран го прифати посредувањето на европската тројка: Германија, Франција и Велика Британија да ги запре сите активности за збогатување на ураниумот, за да ги отстрани сомнежите дека тајно работи врз создавање атомско оружје. Претседавачот на Европската унија, министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн за оваа тема вели:

“Мора на Иран да му се каже дека е можна економска соработка со Европа, подеднакво како и со други делови во светот. Но, тоа не е можно ако имаме само милиметар простор, а иранската страна ја заврши атомската програма“.

Ова сомневање со години постои пред се во САД. Со преземањето на претседателската функција од страна на Џорџ Буш оваа тема доби на тежина. Оттогаш Американците кон Иран настапуваат со камшик. Тука почнува и играта на добар и лош полицаец. Како сега ќе реагира Европската унија околу можното откривање на американските планови за прв удар против ирански цели?

“Едноставно не можам да замислам, по искуствата од Ирак, каде што воопшто не е најдено решение, тоа да биде серизона политика на Американците“, вели Аселборн.

Вистина е меѓутоа, дека европските министри за надворешни работи одамна знаат за такви американски планови. Уште во почетокот на септември минатата година, на неформалната средба со неговиот колега во Холандија, Јошка Фишер изјави:

“Јас веќе неколупати укажав дека постои опасност одговорните во Техеран да потпаднат под погрешна калкулација“.

Погрешна калкулација во овој случај значи: да не се смета на тоа дека се додека Европејците преговараат со иранската влада, се дотогаш Американците нема да ги користат нивните ракети. Еден месец подоцна, Фишер во Брисел одново предупреди:

“Уште еднаш апелирам до одговорните да не ја проценуваат погрешно ситуацијата зашто тоа не би било во интерес ниту на Иран, ниту на регионалната стабилност, ниту во интерес на соработаката со Европската унија“.

Не е во интерес на регионалната соработка: зад оваа формула се кријат сите страхувања што може да се случи, ако Вашингтон и покрај сиот неуспех во Ирак, сепак испроба воена опција. Одамна е познато дека Израел страхува од иранска бомба и го тера Вашингтон на поостар курс. Хавиер Солана при последната посета на Тел Авив тоа уште еднаш го слушна од Ариел Шарон.