1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ во борба против даночната измама

Борбата против даночното затајување во ЕУ станува еден од приоритетите на шефовско ниво. Германија и пет други земји ќе стартуваат со пилот проект наречен „Иницијатива Г6“.

Претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпој темата даночно затајување ја стави на дневен ред на наредниот самит на шефовите на држави или влади на Унијата, на 22 мај. „Затајувањето на данокот е во голем дел прекуграничен проблем. Не можеме да си дизволиме ниту толеранција ниту комоција“, изјави Ван Ромпој. Тој укажа дека државите на ЕУ секоја година губат по илјада милијарди евра поради затајување данок.

„Иницијатива Г6“

Министрите за финансии на Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Шпанија и Полска на неформалната средба во Даблин побараа меѓународни стандарди против даночното затајување и перењето пари. Неопходна е размена на даночни податоци за секаков вид примања и тоа и од државите кои не се членки на ЕУ, побара германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во Даблин. На прес-конференцијата со колегите од останатите пет земји, францускиот министер за финансии Пјер Московиси пак, рече дека никој не може да оспорува дека банкарската тајна е застарена.

Finanzministertreffen in Dublin Wolfgang Schäuble

Волфганг Шојбле во Даблин побара размена на податоци за секаков вид примања

Урнек за иницијативата на шесте земји на ЕУ е американскиот закон за данок ФАТЦА, кој пропишува натамошно проследување на банкарските податоци до даночните власти во Америка. Шесте држави на ЕУ сакаат да почнат пилот-проект за автоматска размена на податоци во сферата на капиталот со која ќе ги надминат сегашните прописи во Унијата и и од останатите држави на ЕУ бараат да го сторат истото.

Шестемина министри оценуваат и дека треба да се променат насоките и прописите за борба против перење пари, а британскиот министер Џорџ Озборн нагласи неговата влада сака заедно со Берлин и Париз да истражи каде во прописите за оданочување на меѓународни претпријатија има дупки кои треба да се пополнат. Тој рече дека автоматската размена на податоци ќе важи и за досегашните британски даночни оази Гибралтар или Кајманските острови. „Нашата вест за сите оние кои се обидуваат да избегат палќање данок гласи: местата на кои можете да се сокриете се се‘ помалку и помалку“, рече Озборн.