1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ воведе санкции против сопругата на Асад

ЕУ денеска (23.03) воведе забрани за патување во Европа за сопругата на сирискиот претседател Башар ал-Асад и други членови на неговото семејство.

Асма Асад има британско државјанство и најверојатно забраната нема да важи за таа земја. Таа израсналата во Велика Британија и има студирано инвестициско банкарство. Со својата гламурозна појава важеше за носител на надеж за демократски пресврт во Сирија, но по почетокот на протестите во земјата се одлучи да застане на страната на својот сопруг.

Санкции се воведени и против мајката на Асад. Целосната листа со имиња на лица против кои се воведени казнени мерки во рамките на зајакниот сет санкции против режимот во Дамаск би требало да биде објавена во текот на утрешниот (24.03) ден.

Во Брисел се надеваат дека зајакнатите санкции ќе го изолираат режимот и ќе го натераат да го запре крвопролевањето во Сирија во кое досега загинаа повеќе од осум илјади луѓе. ЕУ во изминатата година, 12 пати воведуваше нови санкции против Сирија.