1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ воведе санкции против Либија

И ЕУ воведе санкции против режимот на либискиот лидер Моамер Гадафи. Официјален Брисел соопшти дека воведува целосна забрана за патување и располагање со приватните фондови за за Гадафи и неговото семејство

default

ЕУ денеска воведе санкции против Либија кои предвидуваат забрана за патување и замрзнување на сметките на либискиот лидер Моамер Гадафи и на 25 членови на неговото семејство и поблиското опкружување, како и забрана за купување оружје, соопшти првата дипломатка на Унијата, Кетрин Ештон.

„Од почетокот јасно кажавме дека насилството мора да запре, дека мора да се слушаат граѓаните на Либија и дека е важно да и се дозволи на земјата да оди напред. Се надеваме дека акциите кои ги преземаме со овие санкции ќе донесат резултати во праксата“, изјави Ештон.

Таа оцени дека е многу важно да се искористат сите средства за да му се покаже на режимот во Либија дека ќе биде казнет за злосторствата.

„Како меѓународна заедница тоа го правиме, и јас немам никакви дилеми дека тие го слушаат ова што им го кажуваме“, заклучи Ештон.

Истрага во Хаг против Гадафи

Денеска и Обвинителството на Меѓународниот кривичен суд во Хаг на барање на Советот за безбедност на ОН, најави дека започнува прелиминарна истрага за евентуални злосторства против човештвото извршени во Либија.

Според проценките, најмалку илјада луѓе досега загинале во судирите. Десетици илјади бегалци ја напуштаат земјата и бегаат кон соседните Тунис и Египет.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска го обвини Гадафи дека користи странски платеници за да го задуши бунтот на граѓаните и го повика веднаш да поднесе оставка. И Клинтон, како и претходно Ештон потврдија дека Вашингтон и Брисел одржуваат контакти со претставници на опозицијата на истокот на Либија.

EU Außenministerin Catherine Ashton EU zu Libyen

Кетрин Ештон соопшти дека режимот на Гадафи ќе се соочи со казни поради злосторствата

Висок извор од либиското министерство за надворешни работи за светските агенции оцени дека изјавите на Клинтон се доказ дека САД стојат зад немирите во земјата и ја обвини за мешање во внатрешните работи во земјата.

Востаниците во Либија тврдат дека продолжуваат да ја преземаат контролата врз градови низ целата земја. Доколку им се верува на последните информации, тие практично ги контролираат сите градови во земјата, со исклучок на главниот Триполи и родното место на Гадафи, Сирте.

Автор: БГ/дв/афп/ап

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM