1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ воведе казнени царини за американски производи

Од денеска во цела Европа ќе бидат поскапи околу 1600 американски производи.Тоа е последица на казнените царини кои ги воведува ЕУ,а што се контрамерка на американскиот закон за даноци.ЕУ смета дека се недозволени субвенциите кои ги добиваат американските извозници според овој закон.
И Светската трговска организација на американското субвенционирање на извозот гледа идентично,пред две години и самата донесе содветна одлука.Американскиот конгрес не реагираше ни по долгите преговори да ги усогласи прописите со Светскаат трговска организација ,така што таа им даде зелено светло на европските санкции.
Европскиот комесар за трговија Паскал Лами уверува дека санкциите треба да играат улога на принуда на американскиот Конгрес да ги укине субвенциите:
-Се работи за престанување на правилата,оној ден кога ќе биде донесен содветен закон во Конгресот,санкциите ќе престанат.
Поради даночните субвенции американските претпријатија можат да извезуваат поефтино во Европа и со тоа и наштетуваат на домашната индустрија,која е помалку конкурентно способна без ваква помош.Боинг и Мајкрософт на пример преку субвенционираниот извоз годишно заштедуваат околу четири милијарди долари.
ЕУ овој месец воведува казнени царини од пет проценти,секој месец тие ќе бидат зголемувани,за првата година се предвидува Американците ова да ги чини околу 290 милиони долари.Погодени се текстилот,прехранбените продукти како шунка,домати ананас и млеко во прав,електроапарати и челик.
Санкциите се избрани врз економска основа,но имаат и политички реперкусии.Памучните производи во повеќе американски сојузни држави се доминантни,а наскоро,во ноември е изборот на претседател.Слично е и со челикот.И покрај тоа еврокомесарот за трговија Паскал Лами смета дека е подобро поскоро воведување на санкциите:
-Со оглед на трговските односи кои ги имаме во целина,со дневен обрт од една милијарда евра,ова не може да биде наречено трговска војна,смета Лами.
Не треба да се заборави и дека САД со години имаа казнени царини за европските производи поради тоа што ЕУ одбиваше да го увезува американското месо во кое има хормони.