1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ бара решение за кризата во Сомалија

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер во рамките на претседателството на Германија со ЕУ ги покани европските членки на Меѓународната контакт група за Сомалија во Брисел. На состанокот треба да се координираат заедничките напори за надминување на кризата во оваа африканска земја.

Сомалија

Сомалија

Сомалија, според очекувањата е првото кризно жариште во кое германската влада се активира како претседавач со ЕУ. Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер за денеска ги повика европските партнери на така наречена Контакт група за Сомалија на разговори во Брисел.

Велика Британија, Италија, Шведска, Норвешка и целата Европска унија како сојуз се дел од овој гремиум. На состанокот ќе присуствува и шефот на европската дипломатија Хавиер Солана како и европскиот комесар за развојна помош Луис Мишел, кој изминативе денови беше во кризниот регион во Африка. Своите искуства од регионот, за тоа како може да изгледа политичкиот и хуманитарниот ангажман во оваа африканска земја ќе ги пренесе и одговорниот од германската влада за Африка, кој последниве денови исто така беше во Сомалија.

Покрај европските партнери, кои денеска ќе се состанат во Брисел во контакт групата за Сомалија припаѓаат и САД и Танзанија.

На рогот на Африка, во Сомалија нема државен авторитет, а постои сомневање дека таму се наоѓаат и центри за обука на терористи. За време на Божиќните празници, САД го подржуваше навлагувањето на етиопската армија во Сомалија. По поразот на исламисите постојат стравувања од граѓанска војна и можни самоубиствени напади. Европејците во ваква ситуација се принудени да делуваат.