1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ бара либерализација на пазарот на струја

Европски претставници во Скопје разговарат за спорот меѓу владата и „ЕВН“. Брисел притиска за целосна либерализација во енергетскиот и телекомуникацискиот сектор во Македонија.

default

Електрични далноводи

Македонија треба да ги либерализира енергетскиот и телекомуникацискиот сектор за да ги приспособи со прописите на ЕУ. Оваа порака денеска во Скопје ја пренесоа претставници на директоратот за проширување на ЕУ кои се на разговори во македонската влада. Една од темите на која членовите на поткомитетот за енергетика ќе разговараат со надлежните во секторот за евроинтеграции е спорот помеѓу државата и австриската енергетска комапнија „ЕВН“. Македонската влада ја обвини „ЕВН“ дека не ги почитува законите во земјата и не ги почитува обврските за инвестиции во електричната мрежа. Делегацијата од Брисел смета дека треба да се отвори патот за инвестиции во енергетскиот сектор и телекомуникациите, а македонските закони да се усогласат со европските.

Повеќе инвестиции за поквалитетни услуги

Гостите од Брисел се интересирале дали е загарантирана независноста на регулаторната комисија, тело кое е задолжено да раководи со енергетскиот сектор.

Deutschland Strom Mehrfachsteckdose

Претставникот на поткомитетот за енергетика на Европската комисија, Мартин Досон, изјави дека минатата година земјата и владата направиле напредок во постигнувањето на европските стандарди. Тој не сакаше да го коментира прашањето со ЕВН, кое ќе биде една од темите на која ќе се дискутира. Досон нагласи дека политиката на ЕУ во овие два сектора е да дојде до нивно либерализирање и да се привлечат инвеститори, за да се добие поквалитетна услуга и пониски цени за граѓаните.

Потребна е либерализација и во фиксната телефонија

Инаку Европа и забележува на Македонија за монополизација на телекомуникацискиот сектор. Оценката е делумно поправена со доделувањето на повеќе лиценци во мобилната телефонија. Меѓутоа неопходна е целосна либерализација и во делот на фиксната телефонија. Слични се оценките и за енергетскиот сектор каде во последниов период се води жесток спор на релација „ЕВН“ влада. Австриската компанија веројатно очекуваше поексплицитна поддршка, но европските дипломати се умерени и воздржани во коментарите. Европската комисија во неколку наврати реагира на владината политика во енергетската дејност. Најголемите забелешки се однесуваа на новиот закон за енергетика, кој според европските авторитети им овозможува монополска положба на државните електрани.