1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕУ бара единствен став по прашањето за Косово

ЕУ ги предупреди Косовските Албанци да не прогласат еднострана независност на покраината. Европските министрите за надворешни работи се сретнаа денеска во Брисел и расправаа за изнаоѓање заеднички став на Унијата.

default

Што ќе реши ЕУ?

Европската унија има единствен став за Косовското прашање, рече министерката за надворешни работи на Австрија Урсула Пласник пред репортерите, само кој е тој став не сакаше да открие. Неофицијално јасно е, дека поголемото мнозинство од државите членки на ЕУ ќе го признаат Косово како држава, доколку, како што е многу веројатно новиот премиер Хашим Тачи по 10 декември прогласи независност. Поранешниот командант на УЧК Тачи осум години по војната на Косово против Србите победи на вчерашните парламентарни избори. На 10 декември завршува рокот на Обединетите Нации, за преговорите меѓу косовските Албанци и Србите кои досега не донесоа никаков резултат.

Шведскиот министер за надворешни Карл Билт го предупреди Хашим Тачи да не презема еднострни чекори „Косово де факто веќе е независно од Србија. Не мислам дека Косово сака да биде независно и од меѓународната заедница. Тие сакаат да биде заштитувани од НАТО поддржувани од Европската унија во секој поглед. Тој не треба да го оттргне Косово од меѓународната заедница. Јас му препорачувам да се грижи за едниството на Косово и за оние кои не излегоа на избори.“

Обединетитие Нации со Косово управуваат од 1999 година. Околу 17.000 војници предводени од НАТО се грижат за безбедноста. Овој ангажман треба да се продолжи и по 10 декемвти и по можна државна независност, рече германскиот министер за одбрана Франц Јосеф Јунг

„И натаму ќе го пружаме нашиот придонес во рамките на Мисијата предводена од НАТО. Знаете дека најголем дел од трупите се наши војници. Сега имаме и резервен батаљон на Косово за да придонесеме на Косово да има и во иднина стабилност и мировен развој.“

За извештаите дека во регионот се форимирале паравоени групи и Срби кои би биле подготвени на насилство би можеле да предизвикаат немири на Косово, луксембуршкиот шеф на дипломатијата Жан Аслеборн рече „Тогаш би пропаднал и мировниот проект Европа, доколку би се случило такво нешто. Тоа неможам да си го претставам. Верувам дека Србите, осум милиони луѓе ќе се одлучат за Западот, за иднината за интеграцијата во Европа не за оружјето.“

Жан Аселборн предупреди косовскиот проблем да не се редуцира само напрашањето за статусот. Станува збор за тоа, на многуте млади луѓе на Косово, кои претежно се невработени да им се понуди перспектива за образоавние и економски пораст.

Европската унија како на Србија така и на Косово им нуди на дологоречен план членство. Најдоцна до 10 декември кога министрите за надворешни работи треба повторно да се сретнат мора да постигнат едногаласен став за можната држава Косово. Најголемиот отпор против признавање од страна на ЕУ доаѓа од Кипар и Грција.