1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ бара донаторска конференција за Пакистан

Ситуацијата во поплавените области во Пакистан и натаму е драматична. ОН предупредуваат од заразни болести. Претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо се заложи за брзо свикување на донатоска конференција за Пакистан.

default

Уништена е и инфраструктурата

Според хуманитарните работници, милиони луѓе, пред се’ жени и деца, се тешко погодени од природната катастрофа. Помошта до нив стигнува споро.

Со хиликоптери војниците на пакистанската армија доставуваат помош до областите отсечени од надворешниот свет. При слетувањето пред нив се појавува постојано истата слика: стотици жртви од поплавите се туркаат околу хеликоптерот, но никогаш нема место за сите, повеќето остануваат.

Но и онаму каде што веќе пристигна хуманитарната помош, постојат проблеми. Многумина се жалат дека распределбата не се врши правилно.

„При доставата на прехранбени производи, само највлијателните добиваат по нешто. За нас сиромашните не останува ништо.“

Ваквата ситуација ги загрижува и хуманитарните организации:

„Загрозени се пред се’ жените и децата - не станува збор за стотици, туку за милиони. Тие се особено загрозени од болестите, и живеат во бедни услови“, истакна Даниел Тул, регионален директор на УНИЦЕФ.

Pakistan Hochwasser Flut

Недоволна помош, неправилна распределба

Со оглед на драматичната состојба, хуманитарните работници предупредуваат од натамошно влошување на ситуацијата. Досега, поплавите во Пакистан принудија огромен број луѓе да ги напуштат домовите, вкупно 20 милиони се погодени од катастрофата.

Повик за поголеми донации

ОН во меѓувреме повикаа на поголеми донации за Пакистан. Досега Светската организација прими само 160 милиони долари итна помош, истакна хуманитарниот координатор на ОН во Пакистан, Мартин Могванја. Тоа е една третина помалку од очекуваното. Но трендот полека се менува, расте подготвеноста за помош, дури и од војни погодениот соседен Авганистан. Владата во Кабул им вети на жртвите од поплавите еден милион долари.

Pakistan Überschwemmung Flutkatastrophe Flüchtlinge

Настраданите се најчесто отсечени од светот

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле повика на повеќе донации за жртвите. Државната помош од Германија нема да заврши во темни канали, увери пак министерот за развојна помош Дирк Нибел. Најави за зголемување на помошта пристигнуваат и од Брисел. Во писмо до француускиот претседател Никола Саркози, комесарот на Европската комсија Жозе Мануел Барозо најави дека, ЕУ значително ќе ја зголеми досегашната помош од 40 милиони евра. Освен ова, со оглед на опустошувањата од поплавите, Европската унија се заложи за донаторска конференција. На неа би можеле да бидат соберани финансиски средства за повторна обнова на земјата, истакна претседателот на комисјата на ЕУ, Барозо.

Автор: АТ/ЖА/дв

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM