1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

ЕУ бара деполитизација на српското правосудство

Брисел од Србија бара да го деполитизира своето правосудство и од него да направи ефикасен, независен и одговорен систем, кој ќе ги штити и државата и граѓаните.

default

„Состојбата во правосудството, во овој момент, не е на завидно ниво, но она што ние го правиме е насочено кон менување на таа состојба“, оцени министерот за правда на Србија Никола Селаковиќ во Брисел. Тој ги запознал европските претставници, комесарката за правосудство Вивиен Рединг и директорот за Западен Балкан во Директоратот за проширување Пјер Мирел, со чекорите кои Србија ги презема за реформа на правосудниот систем, а со самото тоа и со чекорите кои земјата ги прави на патот кон ЕУ.

„Тоа што реформата на правосудството во Србија, како државен приоритет, се поклопува со евроинтеграцискиот процес, тоа е нешто што за земјата е само бонус и среќа, а никако оптоварување“, вели Селаковиќ.

„Од Србија конкретно се бара да го деполитизира своето правосудство, од него да направи далеку поефикасен, понезависен и поодговорен систем - гранка на власта која државата и граѓаните ќе ги штити од секое самоволие и ќе ги штити нивните права“.

И додека во Брисел потсетуваат дека владеењето на правото е „во самото срце на проширувањето“, од Белград порачуваат дека на Србија во следните два месеца и‘ претстои усвојување на закони со чија примена ќе се прошири мрежата на основни судови на целата територија на државата. Се работи и на подобро дефинирање на дисциплинската одговорност на носителите на правни

Nikola Selakovic

Никола Селаковиќ

функции, зајакнување на улогата на Високиот совет на судството и Државниот совет на обвинители, како и на зајакнување на институциите.

„Институциите мораат да добијат ’ветар в грб’ кој им е потребен за да се занимаваат со својата работа и да се ослободат од пристрасното политичко влијание, а се со цел да се создаде поголема правна сигурност“, вели Селаковиќ.

Соработка со соседите

Според мислењата во Брисел, Србија прави важни чекори и во борбата против организираниот криминал и корупцијата, каде исто така се очекува донесување на национална стратегија.

По повод неодамнешното потпишување на меморандумот за соработка на специјалните судови за воени злосторства на Србија и Босна и Херцеговина, министерот Селаковиќ оцени дека во целиот регион „недостатокот на правда повеќе боли отколку неправдата“ и дека ваквите договори водат кон создавање на подобра клима и доверба.

„Раните се уште свежи. Луѓето кои живеат во Србија и БиХ загубија свои блиски во воениот виор, кој никому не донесе ништо добро. Добро е што е потпишан ваков договор и очекувам дека нема да остане само на хартија, туку и дека ќе донесе конкретни резултати“, заклучи Селаковиќ.