1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ бара да се дознае-кој ја уби Естемирова?

Европската унија и САД го осудија убиството на Наталија Естемирова, борец за човековите права во Русија. 50-годишната Естемирова вчера (15.07.2009) беше пронајдена убиена во руската република Ингушетија.

default

Убиената Наталија Естемирова

Шведското претседателство со ЕУ се заложи за брзо расветлување на убиството на Наталија Естемирова. „Го осудуваме ова брутално дело и ги повикуваме властите да откријат кој е одговорен за него“, побара шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт. Новиот претседател на Европскиот парламент, Јежи Бузек, во името на европските пратеници реагираше со „голема жалост“ на „трагичната смрт“ на Естемирова. Мора да биде сторено се’ за убијците да бидат изведени пред лицето на правдата, побара Бузек. И Соединетите Американски Држави реагираа на убиството. Портпаролот на министерството за надворешни работи Иан Кели го истакна значењето на Естемирова како угледна личност, која целосно и’ се предала на задачата да ги расветли кршењата на човековите права, пред се’ во Чеченија.

Dmitri Anatoljewitsch Medwedew Am Montag den 11. august 2008

Вети разјаснување: Дмитри Медведев

Бескомпромисен борец за вистината

Наталија Естемирова вчера беше киднапирана во Северен Кавказ. Четворица мажи ја втурнале во автомобил во главниот град Грозни. Неколку часа подоцна била пронајдена мртва во соседната република Ингушетија, соопшти министерството за внатрешни работи на Ингушетија. Претседателот на Русија Дмитри Медведев реагираше со згрозување, соопшти портпаролка на Кремљ. Тој наредни истрага на случајот.

Jerzy Buzek

Бара разјаснување: Јежи Бузек

Како поранешен член на реномираната руска невладина органзиаиција „Мемориал“, Естемирова беше еден од најпознатите борци за човекови права во Русија. Таа имаше многу непријатели, пред се’ поради нејзините извештаи за кршења на човековите права во Чеченија. Статиите таа ги објавуваше во весникот „Новаја Газета“, којшто е критички настроен кон владата. На молба на граѓаните, таа истражуваше многу случаи на исчезнати лица, собираше докази за киднапирања, измачувања, па дури и убиства и се залагаше за заштита на жртвите од војна. Естемирова беше пријателка и со новинарката и борец за човекови права, Ана Политковскаја, која беше убиена во 2006 година.

AT/ГЧ/дв/дпа/ап/ројтерс

Редактор: Жана Ацеска