1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

ЕУ бара воздржаност од Хашим Тачи

*

Шефовите на дипломатиите на ЕУ денеска во Брисел го повикаа поранешниот лидер на косовските герилци Хашим Тачи, кој прогласи победа на изборите, да се воздржи од прогласување еднострана независност на покраината. Министрите бараат од Тачи да не го попречува преговарачкиот процес до крајниот рок 10 декември и да не носи одлуки без учество на меѓународната заедница. Германскиот министер Франк Валтер Штајнмаер се изјасни за натамошни преговори помеѓу ЕУ, Русија и САД. „Овој пат е подобар од прогласување еднострана независност„ изјави Штајнмаер во Брисел. Официјален Белград предупреди дека едностраната одлука за независност на Косово, би водела кон натамошни делби на балканот. Европретставникот во тројката Волфганг Ишингер денеска изјави дека досега во преговорите биле употребени сите опции за решение.