1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Еуросур треба да ги направи границите на ЕУ посигурни

Една недела по бегалската катастрофа кај Лампедуза, ЕП донесе заклучок за натамошно техничко опремување кое треба да овозможи подобра заштита на надворешните граници на ЕУ. Системот Еуросур стапува во сила во декември.

Надворешните граници на ЕУ во иднина ќе бидат контролирани со уште повеќе техника, која ќе биде мрежно поврзана. Европскиот парламент денеска (10.10.) даде согласност за предлог законот, кој ја дава основата за новиот систем на набљудување - Еуросур.

Bootsflüchtlinge Lampedusa Immigranten Flüchtlinge Europa Syrien

Бротче со бегалци пред Лампедуза

Целта на Еуросур е бегалците да бидат забележани на отворено море најрано што е можно и со тоа, да бидат спасени од евентуално можно давење. Сателитите и беспилотните летала кои ќе бидат поврзани, треба меѓусебно да разменуваат информации и да помогнат за лоцирање на бегалците. На тој начин треба да се спречуваат и активностите на бандите кои шверцуваат луѓе.

Интегрираниот систем за набљудување на границите треба да стартува веќе во декември годинава во земјите кои се на надворешните граници на ЕУ. Една година подоцна, Еуросур треба да функционира и во останатите држави на Унијата. Системот ќе има тесна координација со Агенцијата за заштита на границите на ЕУ - Фронтекс. Европската комисија проценува дека стартот, одржувањето и персоналот на системот Еурсур ќе чини отприлика 244 милиони евра за шест години (во периодот од 2014 до 2020 година).