1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Етапна победа на Папандреу

Грчката влада ја доби довербата на парламентот. Со гласањето пратениците истовремено сигнализираа и поддршка за новиот оспоруван пакет за штедење, кој парламентот мора да го усвои до крајот на месецот.

default

Јоргос Папандереу доби поддршка во парламентот

Кратко по полноќ заврши дебатата во грчкиот парламент, по што заменикот претседател на собранието, еден по еден ги именуваше сите 300 пратениците да го дадат својот глас. На крајот се собраа 155 гласвови „за“. Премиерот Јоргос Папандреу успеа да ја обедини својата ПАСОК партија, иако претходно голем број сопартијци жестоко го критикуваа строгиот курс на штедење на шефот на владата во Атина. Новиот министер за финансии Евангелос Венизелос во обраќањето пред пратениците апелираше на нивната совест: „Ни не сме ’црната овца’ на Европа. Ние сме горда нација и минуваме низ тешки времиња. Ние, Грците, во нашата историја надминавме многу потешки времиња. Ќе докажеме дека нашата генерација ќе победи во оваа војна.“

Vertrauensabstimmung für Papandreou

Новиот министер за финансии и грчкиот премиер

Војната се води против долговите, а оружјето е оспоруваниот пакет за штедење. Тој веќе наредната недела треба да добие согласност од парламентот, оти само во тој случај ќе стигне следната транша помош од ЕУ и ММФ, што ја очекува грчката влада.

Griechenland Krise Finanzkrise Kommunistische Partei Protest Demonstration Athen

Протеситете продолжуваат

Директно пред парламентот и во текот на ноќта протестираа илјадници противници на пакетот за штедење. Демонстрантите бараат слобода и вистинска демократија. Пакетот за штедење е неправеден, паѓа на товар на сиромашните и ги поштедува богатите, критикуваат тие. Претставници на протестното движење нагласуваат дека големите партии во парламентот не ги застапуваат нивните ставови. Тоа важи и за опозицската конзервативна партија Неа Демократија, која е против пакетот за штедење. Шефот на опозицијата Антонис Самарас, во парламентот изјави, дака борбата против долговите е неизбежна, но дека при тоа не смее да биде задушена економијата. Самарас одново би преговарал со ЕУ околу пакетот за штедење. „Сакаме да преговареме, а не да се караме. Европската култура подразбира преговарање. Сакаме да покажаме дека патот по кој тргнавме кон целта е погрешен и дека има друг начин на кој може да се штеди. Тоа е нашата борба.“

Иако Самарас го загуби синоќешното гласање, долгите дебати сепак имаа влијание. ЕУ очигледно е подготвена, барем малку повторно да преговара околу пакетот, за да не бидат драстично погодени лицата со ниски примања и пензионерите. Но, многу време за преговори не останува, за една недела паерламентот во Атина мора да донесе конечна одлука околу пакетот за штедење.

Автор: Томас Борман/ Александра Трајковска

Редактор: Горан Чутаноски

DW.COM