1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Естонија - ученик за пример во еврозоната

Ниски даноци, мали социјални издатоци: Естонија е омилена кај инвеститорите. На естонската економија и оди добро, па затоа и властите не очекуваат нивната земја да биде зафатена од кризата во еврозоната

Финското претпријатие „Белус“ произведува мебел во Естонија. Земјата има екстремно флексибилен пазар на работна сила, а е омилена кај инвеститорите и поради ниските даноци и социјални придонеси.

Ерки Сар е надлежен за завршната контрола на мебелот. Иако овде работеше повеќе од пет години, може речиси „преку ноќ“ да биде отпуштен од работа. Во ваква ситуација има само мала финансиска подршка од државата и тоа за само неколку месеци. Естонците не знаат за благодетна социјална држава.
„За вработените ситуацијата е тешка. Но, такви се законите. Ако останеш без работа, мора наново да си го организираш животот“, вели Ерки Сар.

Благодарение на ниските трошоци во социјалната област и на конкурентното стопанство, Естонија речиси и нема долгови. Таа служи за пример во еврозоната.

Секој за своето добро

Затоа што тој добро стопанисувал, министерот за финансии не сака да гарантира за долговите на другите земји од еврозоната и не прифаќа воведување евробоврзници.

Estland - Industriehafen von Paldiski

Индустриската зона Палдиски во Талин

„Сметам дека секоја земја е надлежна за сопствените долгови, оти инаку ќе биде поткопан целиот финансиски систем“, вели Јирген Лиги, министер за финансии на Естонија.

Фабриката за мебел го зголеми извозот во еврозоната по воведувањето на еврото во Естонија пред една и пол година. Сега раководствто се надева дека кризата на еврото наскоро ќе биде надмината.

„Колку повеќе се зборува за кризата на еврото, дотолку полошо ќе биде расположението кај потрошувачите и во земјите кои немаат евро, како Данска, Норвешка и Шведска“, вели Ролф Реландер, раководител во „Белус“.

Производителот на мебел од Финска има намера да го шири своето производство во Естонија. Досега година за година бележеше пораст на приходот, а извозот расте дури со најмалку 10 проценти.