1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

ЕСМ продаден за 225 милиони евра

За ЕСМ дистрибуција, австриската компанија ЕВН треба да плати 225 милиони евра, а во наредните три години да инвестира уште 96 милиони. Ваквата понуда на ЕВН е далеку поповолна од тоа што го понуди чешки ЧЕС – 180 милони евра и инвестиции од 62 милиони, и од понудата на третопалсираниот на тендерот, италијански ЕНЕЛ, кој понуди 40 милиони за купување и 80 за инвестиции.

ЕСМ - Дистрибуција е продадена

ЕСМ - Дистрибуција е продадена

Новиот сопственик на една од највредните компании во Македонија, го објави премиерот Владо Бучковски, по синоќешната вонредна седница на владата, на која беше избран победникот на тендерската трка:

“Врз основа на извршената евалуација на понудите, владата ја прифати понудата на “ЕВН Аг“ од Австрија да биде новиот сопственик на ЕСМ-дистрибуција. Сакам од име на владата да го изразам задоволството за постигнатата цена. Ова, според компаративните анализи, е највисоката постигната цена по броило во регионот, и според наше мислење уште една потврда за исклучително поволната бизнис клима, која се создава во Република Македонија. “

Финишот на продажбата на ЕСМ и прогласувањето на новиот сопственик од Австрија, по маратонското 12 часовно отворање и бодирање на понудите, се одвиваше во еуфорична атмосфера во зградата на владата. Премиерот го придружуваше целиот министерски состав. Паднаа аплаузи и прегратки. Набргу потоа реагираше опозициската ВМРО ДПМНЕ. Златко Чинговски го повтори ставот дека продажбата на ЕСМ е штетна за државата.

“Продажбата која се случи денеска не е во полза на економските текови во Република Македониа и таа долгорочно негативно ќе се одрази врз развојот на македонската економија и нејзината конкурентност. Оваа радост беше слична на онаа кога Данајците носат подароци. Значи, не им верувајте на Данајците кога носат подароци, бидејќи во краен случај, оној што ќе ја плати цената , ќе биде сепак македонскиот граѓанин. Сметам дека долгорочно, а на тоа сите граѓани ќе бидат сведоци веднаш по изборите, цените на електричната енергија ќе бидат соодветни на самата понуда.“

Освен опозицијата, негодуваа и граѓаните од здружението “Глас за светлина“. Тие го блокираа целосно сообраќајот во Скопје, во обид да ја спречат владата да го продаде ЕСМ. Бидејќи тоа не им успеа, се заканија дека блокадите ќе продолжат, но и дека ќе ги радикализираат протестите. Марина Христова од здружението, рече:

“Можно е по приватизацијата да дојде до изразување граѓанско незадоволство од друг вид – значи со бојкот на плаќање на сметки, односно повикување на граѓанска непослушност.“

Денеска треба да биде соопштен терминот – кога со победникот, австриски ЕВН, ќе биде потпишан купопродажниот договор што владата упорно го криеше од јавноста, и со тоа ги испровоцира Антикорупциската комисија и “Транспранентост Македонија“. Државаната институција и невладината рганизација оценија дека со таквиот потег владата фрла дамка на процесот на приватизација.