1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Есконтната стапка во САД 2,5% до крајот на годината?!

Алан Гринспен

Алан Гринспен

Американското стопанство е во стабилен подем што ќе продолжи и понатаму – изјави вчера шефот на Централната банка Алан Гринспен пред Одборот за банките на американскиот Сенат. Во неговиот извештај се вели дека инфлацијата не претставува посериозен ризик за стопанството и се најавува продолжување на политиката на умерено окончување на лабавата парична политика.

Не поминаа ни четири недели откако Папата на американската парична политика, Алан Гринспен, ги покачи есконтните стапки за четвртина процент - прв пат по цели 4 години. По вчерашниот настап пред Одборот за банките на американскиот Сенат може да се смета со натамошно, иако умерено покачување на каматите. Гринспен ја оценува вкупната состојба на американското стопанство како многу позитивна и се чувствува потврден во поранешните проценки во таа насока.

“Економскиот развој годинава беше навистина поволен. Зголемениот обем на кредити дава впечаток на солиден стопански пораст.“

Гринспен со оглед на тоа има и охрабрувачка прогноза за американската економија во оваа година. Тој очекува имено стапка на пораст од вкупно 4,75%. Шефот на американската Централна банка очлигледно не го загрижуваат актуелните информации за благо опаѓање на внатрешната побарувачка. Тие се според неговата проценка последица од покачените цени на бензинот и воопшто на енергенсите.

“Овие високи цени делумно го намалија еланот за потрошувачка, но тоа е минлива појава“ - оцени Алан Гринспен.

Затоа шефот на Централната банка останува на мнението дека САД не се принудени на натамошна фаза на екстремно ниски каматни стапки. Првото покачување од 0,25% во јуни стопанството добро го совладеало. Финансиските пазари, претпријатијата и приватните домаќинства се очигледно добро подготвени на ваквата неутрална улога на Централната банка, посочи нејзиниот шеф. Само доколку дојде до натамошно загревање на инфлацијата, тогаш мора да се смета со позабрзано покачување на каматните стапки, најави Гринспен. Експертите по сето не исклучуваат есконтната стапка во САД до крајот на годинава да се искачи од сегашните 1,25% на дури 2,25%.