1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Ескалира состојбата во Киев

Специјалните сили на украинската полиција утрово се обидуваат да ја вратат контролата врз зградата на Градскиот совет во Киев кој е окупиран од проевропските демонстранти. Во судирите има и повредени.

Над десет илјади луѓе се собраа утрово на плоштадот „Независност“ во центарот на Киев, и покрај акциите на полицијата, која во текот на ноќта ги растури барикадите поставени од проевропската опозиција. За разлика од полициските акции во текот на ноќта кои минаа без поголем отпор, утринскиот обид на припадниците на специјалните сили да ја преземат контролата врз зградата на Градскиот совет на Киев, кој е под контрола на опозициските демонстранти, се заканува да прерасне во жесток конфликт.

Илјадници луѓе утрово се приклучија кон протестот на централниот киевски плоштад. Според локални телевизии, до 6 часот и 15 минути по локално време на плоштадот се собрале околу 15.000 демонстранти. Виталиј Кличко, еден од лидерите на опозицијата, изјави дека протестите ќе продолжат додека не бидат исполнети барањата, пренесува ДПА.

"Ако треба ќе останеме тука до Нова година§, изјави Кличко за германскиот весник „Билд“. Најмалку десет припадници на силите на редот се повредени во текот на ноќта, како резултат на активностите на демонстрантите при операцијата за деблокирање на централните улици во Киев, објави денеска украинското МВР. Полицијата според западни медиуми не употребила сила за растурање на протестите. Демонстрантите извикуваа Срамота и Ќе издржиме до крај. Полициската акција следеше и покрај посетата на двајца високи западни претставници кои се обидоа да придонесат за разрешување на кризата меѓу опозицијата и претседателот Виктор Јанукович.

Полицијата ги урна барикадите околу кампот, а потоа ги урна и шаторите поставени од демонстрантите пред околу една недела. Украинскиот претседател Виктор Јанукович вчера ја обвини проевропската опозиција дека претставува закана за националната безбеднот. И додека илјадници демонстранти и понатаму протестираат против отфрлањето на договорот за асоцијација со ЕУ по притисок на Русија, украинскиот претседател синоќа разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон во Киев.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе изјави вчера дека украинскиот народ покажал цврсто определување за европска интеграција и треба да му се излезе во пресрет.

"Масовната поддршка за европските интеграции, реформи и модернизација докажуваат дека голем дел од народот се определиле каде Украина треба да се насочи и подготвени се да го бранат правото на слободно собирање и изразување§, изјави Филе во говор пред Европскиот парламент.