1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалира состојбата во Египет, десетици мртви

Бројот на жртвите во судирот меѓу армијата и приврзениците на соборениот претседател Мохамед Мурси се искачи на преку 40 луѓе. Над 300 луѓе се повредени, откако исламистите, наводно, се обиделе да го ослободат Мурси.

Највлијателното исламистичко движење во Египет, Муслиманското братство, од кое потекнува отстранетиот претседател Мохамед Морси, денеска(08.07) повика на „интифада (востание) против оние коишто ја украдоа револуцијата“, јавуваат египетските медиуми, цитирајќи ја изјавата на групацијата. Оваа изјава уследи по инцидентот во седиштето на Републиканската гарда во Каиро, каде што врз нападот врз овој воен објект и употребата на оружје од страна на војниците, загинаа, според Муслиманското братство десетици луѓе, а стотици се повредени. Според официјални болнички извори, пак, во судирите загинале најмалку 40 луѓе, а преку 300 се повредени.

„Ја повикуваме меѓународната заедница да интервенира за да спречи нови масакри и претворање на втора Сирија во арапскиот свет“, се вели во соопштението на политичко крило на движењето - Партијата на слободата и правдата. Ноќта кон понеделникот група вооружени лица го нападнаа комплексот домови на офицерите на Републиканската гарда во Каиро во чија касарна се претпоставува дека е чуван Мурси. За време на нападот загинаа

еден армиски офицер, а војската соопшти за околу 40 повредени во своите редови. Како одговор, војниците, исто така, употребиле огнено оружје. Во моментов областа во која беше извршен нападот е целосно блокирана. Уапсени се околу 200 демонстранти, а египетските власти започнаа истрага. Египетската армија во понеделникот го засили своето присуство во главниот град. Под тешко воено обезбедување е централниот каирски плоштад Тахрир, како и сите јавни институции. Безбедносните сили, исто така, ги блокираа приврзаниците на поранешниот претседател Мурси кои без прекин од петокот протестираат на плоштадите Рабија ал-Адавија и ан-Нахд.

Турција излезе со жестока осуда на нападот, нарекувајќи ја акцијата на армијата „масакр“ врз припадниците на Муслиманското братство. Несудениот премиер на Египет и нобелов лауреат Мохамед Ел Барадеј, осудувајќи ги убиствата, повика на смирување на состојбата и разговори.

Утрово египетскиот јавен обвинител нареди затворање на централата на политичкото крило на Муслиманското братство - Партијата за слобода и правда. Официјалното образложение е дека во просториите на партијата било пронајдени оружје, кое наводно требало да биде употребено против демонстрантите кои бараа оставка од Мурси.