1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалира насилството на Блискиот Исток

Во израелски воздушен напад врз бегалски камп во Појасот Газа денеска (11.03) загинало 12-годишно момче, а повредено е уште едно лице.

Од извори во спасувачките екипи се вели дека во најновиот напад врз бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа на северот на Појасот Газа, загинало едно момче, а повредено е уште едно лице. Засега нема потврда од израелската армија за извршен воздушен напад врз овој камп.

Во Појасот Газа од петокот (09.03) се водат жестоки борби меѓу радикалните Палестинци и израелската армија. Во воздушните напади на израелската авијација загинаа 17 Палестинци, а повредени се 28. Според израелската армија, во истиот период од Појасот Газа во насока на израелската територија се испукани повеќе од сто ракети и друга муниција.

Во напад на израелската авијација, меѓу другите, убиен е и шефот на палестинскиот Комитет на народниот отпор Зухеир ал-Каиси. Израелската армија соопшти дека нападот бил „целна елиминација“. Таа го обвинува Комитетот на народниот отпор дека подготвувал терористички напад што требало да се изврши во наредните денови.

Настаните од викендов се најкрвавите од големата израелска офанзива во зимата 2008-2009-та година. Радикално-исламистичкото движење Хамас, кое владее во Појасот Газа од 2007-ма година, практично е во прекин на огнот со Израел, но други милитантни групации, меѓу нив и Комитетот на народниот отпор, постојано исфрлаат ракети или гранати во насока на Израел.

Автор: ЕМФ/ЖА/афп

Редактор: Ж. Ацеска