1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација на судирите во Киргистан

Ескалација на судирите во Киргистан по апсењето на опозициските лидери. Агенциите јавуваат за хаотични сцени, најмалку 17 загинати и стотина повредени во судирите. Опозицијата бара оставка од шефот на државата

default

Насилството во Киргистан го загрозува мирот во целиот регион, предупредија САД и Русија

Киргискиот премиер Данјар Усенов и лидерите на опозицијата во земјата предмалку постигнале начелен договор за прекин на насилствата и ослободување на уапсените опозициски лидери.

Неизвесно е дали тоа ќе го сопре насилството во кое денеска загинаа најмалку 17 луѓе во жестоките судири меѓу безбедносните сили и опозициските приврзаници во главниот град на Киргистан, Бишкек. Насилство е забележано и во други градови низ земјата, но засега нема прецизни информации за состојбата во внатрешноста на државата. Судирите беа испровоцирани од апсењето на тројца високи опозициски лидери од страна на Владата.

Околу 5 илјади приврзаници на опозицијата денеска излегоа на протести во Бишкек, обвинувајќи ја власта за нарушување на човековите права, авторитарност и економски неуспеси. Откако успеаја да се изборат со полициските сили кои користеа гумени куршуми и солзавец, демонстрантите влегоа во зградата на парламентот и во објектот на државната телевизија.

Официјални извори потврдија дека најмалку 17 луѓе загинале, а повеќе од 140 се повредени.

Демантирана смртта на министерот

Parlament in Bishkek Bischkek Kirgistan

Зградата на парламентот во Бишкек

Противречни се информациите за случувањата во другите градови низ земјата. Агенциите јавија дека во градот Талас бил убиен и министерот за внатрешни работи, но неговиот портпарол ги демантираше ваквите информации. Неизвесно е што се случува и со владиниот вицепремиер, за кого се тврди дека е киднапиран од опозиционерите.

Опозицијата бара оставка од претседателот на државата Курманбек Бакијев, кој дојде на власт во 2005 година, по сличен бран на насилни протести.

Русија и САД, кои имаат воени бази во сиромашната земја, изразија загриженост и упатија апел за смирување на состојбата.

автор: БГ/ТТ/афп

редактор: Александра Трајковска