1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација на работничките протести во Казахстан

Со месеци во Казахстан работниците протестираат за поголеми плати. Демонстрациите сега ескалираа, агенциите јавуваат за повеќе загинати, властите тврдат-има 12 жртви. Во еден град е воведена вонредна сотојба.

default

Различни бројки за настраданите

Насилството во Казахстан продолжува и денеска, во западниот дел на земјата протестите се шират. Во пристаништето Актау утрово стотици демонстранти повторно се судриле со полицијата, претходно до „блиски средби“ дојде во градот Шепти, каде населението запрело и запалило два воза, при што е убиено едно лице, а 11 се ранети.

Од петокот досега во регионот веќе има 12 жртви и над сто ранети. Активистите на организациите за човекови права тврдат дека има 70 загинати и повеќе од 500 повредени.

Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев вчера прогласи 20-дневна вонредна состојба во западниот град Жанаозен, еден ден по судирите меѓу полицијата и демонстрантите. Пред два дена во Жанаозен избувнаа судири меѓу полицијата и работниците, кои бараат поголеми плати, а се карактеризираат како најжестоки немири кои се случиле во оваа богата со нафта поранешна советска република, откако таа стана независна во 1991 година.

Автор: ЖА/ АТ/ дв/ дпа/ миа

Редактор: Александра Трајковска