1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација на протестите во Штутгарт

Изградбата на новата главна железничка станица во Штутгарт е со недели проследена со протести, кои вчера ескалираа. Во интервенцијата на полицијата се повредени над сто лица, меѓу кои има и деца. Приведени се 26 луѓе.

default

Станицата која постои во моментов би требало сосема да се измени и делумно да се претвори во подземна железничка станица, за што пак, е потребно да се прекопаат милиони кубици земја. Сето тоа би било проследено со големи промени на теренот и би имало големи геолошки, еколошки и финансиски последици. Граѓаните на Штутгарт се против и демонстрираат со недели, а протестите беа најжестоки во текот на вчерашниот ден (30.09.2010) кога практично почна расчистувањето на теренот и сечењето дрва од големата зелена површина пред сегашната железничка станица.

Околу две илјади демонстранти извикуваа „Засрамете се!“

„Катастрофа, свињарија! Беше речено дека ќе бидат

Stuttgart 21 Abholzen Baum

направени обиди да се разговара. Тие се едноставно лажговци, лажат. Се надевам дека ќе остане мирно“, рече еден од демонстрантите.

„Ова е чиста игноранција од страна на политичарите, кои спроведуваат вакво нешто и покрај тоа што толку многу луѓе демонстрираат мирно.“

Уривањето на стеблата се одвиваше под полициска заштита - околу илјада полицајци го расчистија просторот кадешто требаше да се работи, притоа употребувајќи и водени топови, пендреци и солзавец.

Кој почна прв?

Полицијата зборува за околу 130 повредени демонстранти, додека самите тие тврдат дека се повредени околу 300

Stuttgart 21 Demonstration

луѓе:

„Полицијата ги удира луѓето среде лице. Имаме и човек со потрес на мозок, со отпечатоци од прсти на вратот, имаме многу луѓе со проблеми со очите, поради тоа што полицијата употребува солзавец“, раскажуваат демонстрантите.

Полицијата, пак, тврди дека противниците на изградбата на новата железничка станица им се спротивставиле на полицајците. Портпаролот на полицијата Штефан Кајлбах, објаснува:

„Поставувањето на оградата траеше од утрото до вечерта. Тоа е направено метар по метар, со постојана употреба на водени топови и солзавец. Едноставно, во таква ситуација не беше можно ништо друго. Имаше многу луѓе кои ја блокираа работата.“

Вечерва повторно протести

Синдикатот на полицијата ги отфрли обвинувањата дека било реагирано неодмерено и со претерана употреба на

Stuttgart 21 Demonstration

сила и наведува дека полицајците само си ја вршеле работата и овозможиле спроведување на политичките одлуки.

Противниците на проектот „Штутгарт 21“, за вечерва планираат повторно големи демонстрации и повикуваат тие да бидат мирни. Доколку повторно бидат употребени водени топови и солзавец, тогаш сликите ќе зборуваат за нас, изјави портпаролот на организаторите на демонстрациите, Аксел Виланд.

Политички последици?

За ескалацијата на состојбите во Штутгарт денеска требаше да расправа и Комисијата на Бундестагот за внатрешни работи, но седницата е одложена за среда. Барање за денешна итна расправа на парламентот за овој проблем побара и пратеничката група на опозициските Зелени, но барањето е одбиено. Петер Алтмајер од редовите на владејачката ЦДУ изјави дека барањето на Зелените е „провидно, тактичко и политички штетно“ и дека неговата пратеничка група одбива расправа во Бундестагот се‘ додека не ги дознае сите факти за протестите.

Автор: Михаил Бранд/афп/дапд/ Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM