1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација на курдскиот конфликт

Најновите терористички напади во југоисточна Турција повторно ја ставија членката на НАТО во фокусот на меѓународната јавност. Курдскиот конфликт ескалира паралелно со крвопролевањето во соседна Сирија.

Експлозиите на бомби во главниот град на провинцијата Газијантеп со девет загинати и повеќе од 60 ранети, е моментна кулминација во крвавиот конфликт на турската држава со Курдите, кој досега од 1984. година однесе повеќе од 40 илјади жртви.

Борбата за независна курдска држава на турска територија, почната од милитантната курдска сепаратистичка организација ПКК, Курдската работничка партија, по краткотрајниот застој повторно се распламтува. Но, дали ПКК, која во Германија и ЕУ е рангирана како терористичка организација, навистина стои зад нападите во Газијантеп, е прашање. ПКК категорично ја отфрла одговорноста.

Привинцијата Газиантеп, на турско-сириската граница, е прибежиште за бегалците од Сирија, но досега не важеше за центар на борбите на ПКК против Турција и воено насилство. Тука  живеат турски државјани со курдско, но и арапско потекло, кои сакаат одговор за заднината на нападите.

Лоцирањето на одговорноста кај ПКК се должи на спиралата на насилство од последните месеци, која ги чинеше живот многумина борци на курдската сепаратистичка организација.

Тоа не е печатот на ПКК

Експертот за конфликти д-р Јохен Хиплер предупредува од пребрзани заклучоци и обвинувања:

„ПКК демантираше врска со овој атентат. Тоа не мора да е точно, но не мора да значи ни лага. Мора да се сочека резултатот од истрагата“.

И експертот за Блиски Исток, Удо Штајнбах, претпочита претпазлив приод. Напад против цивилното население „не е карактеристика за ПКК“, вели тој.

Според него, ПКК многу повеќе се концентрира на акции против безбедносните сили.

„Следствено на тоа мора да се постави прашање дали зад нападот се крие ПКК или други организации и сили“.

Bildergalerie Kurden in Syrien

Курди во Сирија

Штајнбах го застапува и гледиштето - не е погрешно да треба погледот да се сврти кон Сирија.

Тензиите меѓу Сирија и Турција растат

Во соседна Сирија повеќе од една година се води граѓанска војна. Илјадници сириски бегалци стигнаа во Турција, која ги поддржува опозиционерите против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган јасно се дистанцираше од сирискиот диктатор и бара негова оставка. Штајнбах предупредува на прилично нараснатите тензии меѓу Анката и Дамаск. Не се исклучува поддршка на сирискиот режим на ПКК:

„Можно е во Газијантеп да се случи заедничка акција на Дамаск и ПКК“.

Истражувачот на конфликти Јохен Хиплер гледа закана за безбедносната состојба во Турција поради развојот на настаните во Сирија. Тој лоцира два вида безбедносни проблеми на Турција:

„Постои заострување на борбите меѓу курдските бунтовници и турските безбедносни сили. Но, и конфликтот во Сирија носи опасности по турската безбедност-проблеми со сириските бегалци, како и со сириската опозиција на турската страна. Преплетувањето на проблемите натамошно ќе ја отежнува безбедносната ситуација во Турција“.

Сирија и курдскиот конфликт

Курди живеат во четири земји: Турција, Сирија, Ирак и Иран. Северна Сирија е курдска област. Хиплер вели дека во текот на востанието против диктатурата во Дамаск, можна е промена во основа и на улогата на Курдите во Сирија. Во некои северносириски градови контролата ја презедоа Курдите, на што остро реагираше турската влада. Заменикот-претседател на турската владејачка партија АПК, Емер Челик изјави дека дека доколку сириските Курди како дел од опозицијата против Асад соработуваат со  ПКК, Турција нема да се воздржи од вмешување.

Штајнбах укажува на можно „натамошно продлабочување на комплексноста на курдскиот конфликт во Турција во врска со развојот во Сирија исто како и во Ирак“.

„Курдскиот проблем во Турција се‘ уште не е решен. Курдскиот дел на Ирак во извесен смисол игра двојна улога. Од еднастрана постои приближување кон Турција, од другастрана со интерес се следи сириски Курдистан. Таму се создава голем курдски простор на турската граница, што сметам дека во Анкара многу претпазливо се посматра“.

Проблемот може да биде решен со политички средства

Проблемот се состои во фактот што никој во светот нема решение за граѓанската војна во Сирија, тоа важи и за Турција“, вели Хиплер.

„Бидејќи Турција нема решение за турскиот проблем, би требало најдобро да се обиде да го реши внатрешниот конфликт со Курдите. А тоа е можно само со политички средства“.

„Може само да се апелира до турскиот премиер Ердоган конечно да преземе одважни чекори“, смета Штајнбах. Првиот чекор би бил создавање нов турски идентитет, кој би ги опфаќал сите верски и етнички малцинства. Освен тоа потребно е приоѓање кон Курдите заради зацврстување на демократијата. Хиплер од другастрана укажува на досега неовозможеното политичко и општествено учество на Курдите и бара на курдската култура и на нивните политичари да им бидат обезбедени прават кои им следуваат.