1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ескалација на кризата околу Иран?

Откако Иран вчера ги отстрани печатите на Меѓународната агенција за атомска енергија од неколку нуклеарни постројки во земјата, повеќемина водечки политичари од ЕУ го заострија тонот.

Предупредувачки зборови од Берлин: шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер

Предупредувачки зборови од Берлин: шефот на дипломатијата Франк Валтер Штајнмајер

Европската тројка, која ги водеше преговорите со официјален Техеран за откажување од обогатувањето ураниум, ќе се сретне утре во Берлин за да ги определи натамошните чекори во заострената криза околу Иран.

ЕУ е многу загрижена поради развојот околу иранската атомска програма, изјави портпаролката на координаторот на европската надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана. Ваквиот чекор е јасен прекршок на постигнатите спогодби меѓу Унијата и официјален Техеран. Германскиот Министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер вчера пак порача:

„Утринава иранската влада очигледно почна со отстранување на печатите од атомската постројка во Натанс и со тоа пречекори јасни граници, знаејќи дека тоа нема да остане без последици. Штотуку разговарав со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед ел Барадеи и го замолив за итна проценка на актуелните закани што произлегуваат од ваквите чекори.„

Со постапката на иранските власти сериозно се доведени во прашање и разговорите што беа закажани за 18 јануари, порача портпарол на британската влада, а шефот на дипломатијата Џек Стро појасни:

„Дозволете ми да објаснам: се обидуваме да го одбегнеме она од што сите се плашиме, имено атомско вооружување на Иран. Таквата цел мораме да ја постигнеме со мирни и дипломатски средства.„

ЕУ сега се надева дека Русија и Кина ќе извршат влијание врз Иран. Во меѓувреме се очекува со новата ситуација да се позанимава Советот на гувернерите на Меѓународната агенција за атомска енергија. САД и ЕУ уште од летоска се закануваат дека ќе свикаати посебна седница на Советот за безбедност на ОН поради проблемите со Иран. При тоа актуелниот претедавач со ЕУ, австрискиот канцелар Волфганг Шисел го отфрли вовоедувањето стопански санкции против Иран во сегашната фаза. А дипломати во Брисел појаснуваат дека земјите членки на ЕУ имаат голем интерес за трговска размена со Иран, кој меѓу другото има и големи резерви на нафта и земен гас.