1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалација во Бангладеш на ден пред избори

Мртви и повредени, запалени избирачки места - на само ден пред изборите во Бангладеш конфликтот меѓу приврзаниците на двете ривалки, Шеик Хасина и Каледа Зиа, достигна врв.

Во борбите меѓу приврзаниците на владата и на опозицијата загинаа најмалку две лица, а има и голем број повредени. Најмалку 28 избирачки места се запалени во текот на ноќта ширум земјата, соопшти полицијата.

Опозиционите партии околу БНП, чија шефица Каледа Зиа е во домашен притвор, ги бојкотираат изборите што треба да се одржат утре (05.01.). Опозицијата соопшти дека ќе преземе се‘ за да го спречи гласањето. Исходот од изборите е веќе познат, со оглед на фактот дека во 153 од 300 изборни единици настапуваат само кандидати на владејачката гарнитура, предводена од премиерката Шеик Хасина.

Bangladesh Sheikh Hasina Ministerpräsidentin

Шеик Хасина

Властите соопштија дека нападите нема да ги спречат изборите. Опозицијата за викендов повика на генерален штрајк. Противниците на власта од Нова година се обидуваат да ги блокираат сите улици, шини и водни патишта.

Bangladesh BNP Begum Khaleda Zia

Каледа Зиа

Според наводи на организацијата за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“, од објавувањето на терминот за изборите, на крајот на ноември, во политички мотивираното насилство во земјата загинаа повеќе од 120 луѓе. Со оглед на тоа што поради бојкотот на изборите од страна на мнозинството партии исходот е веќе познат, набљудувачите сметаат дека одзивот ќе биде низок. Голем број земји и организации, меѓу кои и ЕУ, не испраќаат набљудувачи на изборите, поради тоа што оценуваат дека тие нема да бидат слободни и фер.

Поврзана содржина