1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ескалацијата на насилството во Газа закана за целиот регион?

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун предупреди дека Меѓународната заедница не се ангажира доволно во решавањето на конфликтот на Блискиот Исток. Газа е тема на состанокот на ЕУ министрите за надворешни работи.

default

Меѓународната заедница загрижена поради екалацијата на насилството во Газа

Меѓународната заедница мора да стори повеќе за да се стави крај на конфликтот во Газа изјави генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

„Мора да се употребат сите средства кои ни стојат на располагање за да се запре насилството, да се отвори дијалогот и да се пронајде мирно решение за излез од кризата“, рече Бан. Тој е шокиран, тажен и потресен од нападите кои продолжуваат и поради се’ поголемиот број жртви, меѓу кои има и соработници на ОН. Бан апелираше: „Израел и Хамас мора да ги прекинат насилствата и да сторат се’ за да се избегнат цивилни жртви“, констатираше Бан.

UN-Generalsekretär Ban Ki Moon Vereinten Nationen

Бан Ки Мун критикува

За Вашингтон и Берлин виновник е Хамас

Белата куќа пак, повторно го обвини Хамас дека е виновен за ескалацијата на насилството во Газа. „За да се спречи насилството потребно е Хамас да ги прекине ракетните напади врз израелска територија и да се согласи на почитување на трајно примирје“, изјави портпаролот на Белата куќа, Гордон Џондроу. Тој додаде дека Хамас има можност да биде партнер во мировниот процес, да го признае правото на постоење на Израел, да го запре насилството и да живее согласно со претходните заложби на Палестинците.

“Но, наместо тоа Хамас избира да стрела со ракети врз Израел. Ќе повторам! Хамас може да избере, но во моментов тие избираат да бидат терористичка организација која го напаѓа Израел. Тоа не води кон трајно примирје“, рече Џондроу.

EU-Außenminister-Treffen in Luxemburg

Шефовите на европските дипломатии денеска во Париз ќе разговараат за Газа

И за германската канцеларка Ангела Меркел, Хамас е виновен за ескалацијата на ситуацијата во регионот. И таа ја повика палестинската радикална организација да престане со ракетните напади. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, пак во синоќешниот разговор со палестинскиот претседател Махмуд Абас изјавил дека актуелниот развој на настаните во Газа е закана за стабилноста во целиот регион. Како што соопшти министерството за надворешни работи, двајцата констатирале дека решението за проблемите треба да се пронајде преку стабилен политички процес.

Состанок на шефовите на ЕУ дипломатиите

Инаку денеска за ситуацијата во Газа, во Париз ќе расправаат и министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. Како што соопшти француското претседателство со Унијата, министрите ќе разговараат и околу можните мерки коишто може да ги преземе Унијата со цел да се реши сегашната криза.